НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КОП22: Заврши времето на убави зборови, сега е време за дела

0
By Светлана Јовановска on November 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Маракеш, Мароко, во тек е 22та Конференција за климатски промени наречена КОП22.

На КОП22 се собрани сите земји членки на Обединетите Нации (ОН) и сите потписници на Парискиот договор за климатски промени а меѓу нив и Македонија претставена од претседателот Ѓорге Иванов.

index

Во Париз, на КОП21, пред една година, земјите се договорија дека е време да му се стави крај на глобалното затоплување на планетата со намалување на температурата под 2 степени и да се продолжат напорите за намалување на зголемување на температурата под 1.5 степени.

Македонија е потписник на овој договор но тој се уште не е ратификуван во Собранието. Според политичките изјави на нашите власти, тоа требаше да биде приоритет. Но приоритетот не стаса на собраниска седница спречен од долгата политичка криза и незаинтересираноста на пратениците за оваа тема.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун денес ги повика сите земји кои се уште не го ратификувале договорот – како Македонија – тоа што побрзо да го сторат.

Целта на КОП22

Сега на оваа 22 Конференција, која трае од 7 до 18 ноември, целта е да се договорат конкретните чекори како да се примени договорот од Париз. И од многу зборови и политички декларации да се премине на дела. “Вистински предизвик”, вели Рејчел Кајт, директор на Иницијативата за трајна енергија за сите од ОН.

Оваа 2016 година, според мерењата на Светската метеролошка организација (СМО), температурата на планетата достигна до околу 1,2 Целзиусови степени зголемување, нов рекорд на средните температури на планетата.

“Ако ова се потврди, 21 век ќе брои 16 од вкупно 17 најтопли години откако се мери температурата од 19 век”, вели СМО.

index

Така, 197 земји помеѓу кои и Македонија, треба да ги изнесат во Маракеш нивните планови и цели за намалување на емисиите на стакленичките гасови.

Според некои земји треба да се намали користењето на јаглен и да се оданочува употребата на јаглен а други земји инсистираат дека е неопходно да се премине на обновлива енергија.

Според соопштението од кабинетот на Иванов Македонија со потпишување на Парискиот договор, ја реафирмира својата посветеност во приклучување кон светските напори за ублажување на последиците од климатските промени, преку преземање на конкретни чекори, мерки и активности и исполнување на одредбите на Парискиот договор за климатски промени.

Состојбата во Македонија

d0bfd0bed180d182d0bed0bad0b0d0bbd0bed0b2d0b0-d184d0b0d0b7d0b0

Во Македонија најголемиот загадувач со стакленички гасови е производството на енергија која учествува со речиси 80 проценти. Тие емисии главно доаѓаат од централите на јаглен и пред се РЕК Битола. Но Македонија, барем засега, не предвидува гаснење на централите на јаглен.

“Согласно инвентарот на стакленички гасови, скоро 80% од вкупните емисии на стакленички гасови се CO2 емисии од согорувањето на фосилни горива, со доминантно учество на секторите снабдување со енергија, згради и транспорт”, вели документот насловен Национален придонес кон климатските промени на Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој на МАНУ.

И не само тоа. Во стратегијата за енергетско снабдување до 2030 година се предвидува отворање на две до три нови централи на јаглен. ЕЛЕМ тврди дека се инсталираат филтри кои ќе го намалат загадувањето од овие централи. Но загадувањето продолжува и предизвикува болести од кои страда не само земјата туку и регионот. За утеха, нашите регионални соседи не се ништо подобри во тој поглед.

rek-bitola-1

РЕК Битола, најголемиот македонски загадувач

Според овој центар во земјата постои значителен потенцијал за намалување на емисиите на стакленички гасови поради доминантното учество на домашниот лигнит за производство на електрична енергија.

И додава дека во Македонија националната цел е “пред сè одржлив развој и премин кон нискојаглеродна економија”.

Во 2030 година се предвидува дека потребите од финална потрошувачка на електрична енергија ќе бидат 74 отсто поголеми од 2012 година. За да се задоволат овие количини потребно ќе биде да се произведе 93 отсто повеќе енергија од 2012 година. Целата количина се предвидува да се обезбеди од домашно производство и тоа 72% од јаглен, 14% од природен гас, 12% од хидро електрани и 1% од други обновливи извори на енергија.

Климатските експерти од меѓународната група Гиек тврдат дека до 2050 година емисијата на стаклетнички гасови треба да се намали од 40 до 70% за да се исполни целта на Парискиот договор за да се задржи покачувањето на температурата под 2 степени.

Денес во Маракеш првиот човек на ОН Бан Ки-мун подвлече дека “она што се чинеше незамисливо сега стана несопирливо а ние имаме само една планета, планета Б не постои”.

Но овој договор не предвидува обврзувачки цели за земјите потписнички и секоја земја фиксира свои цели. Оттука во Мароко се прават обиди да се зајакнат овие цели и глобален биланс е предвиден во 2018 година. Но тој за жал нема да биде задолжителен. До 2020 година земјите треба да ги предадат своите стратегии за развој со ниска употреба на јаглен.

Владата да престане да инвестира во јагленот

Факт е дека малата Македонија нема големо влијание на порастот на температурите на земјината топка. Но загадувањето со кое се соочува Македонија поради големата употреба на јаглен е сериозна опасност за македонските граѓани и огромен здравствен трошок.

Македонските невладини организации одамна апелираат да се сопре употребата на јаглен за производство на струја, особено поради фактот што нашата земја има огромен потенцијал за обвновлива енерегија како сонцето и водата.

Така, веста за повторно пуштање во погон на централата во Осломеј ги натера овие организации остро да реагираат:

“Додека ЕУ до 2050 планира целосна декарбонизација на електроенергетскиот сектор, ние во 2030 планираме над 60% од енергијата во Македонија да доаѓа од јаглен. Со оглед на фактот дека енергетските проекти имаат животен век од 20-40 години, со постоечките планови ги осудуваме идните генерации во Македонија да ги плаќаат овие инвестиции со своето здравје, квалитет на живот и пари“, велат во „Фронт 21/42“.

Невена Смилевска од „Еко-свест“ вели: „Инвестициите во јаглен – и рудниците и термоелектраните – се мошне деструктивни за животната средина и за климата, истовремено намалувајќи го квалитетот на живот за сите граѓани.“

Според Гоу Грин „крајно време е Владата и официјално да се повлече од инвестирање во јагленот и да ги пренасочи овие инвестиции во енергетска ефикасност и обновливите извори на енергија кои ги намалуваат емисиите на стакленички гасови и отвораат зелени работни места“.

Климатските промени предизвикуваат природни катастрофи како поплави, пожари, влијаат врз здравјето на луѓето преку храната, водата и предизвикуваат нови болести.

Денес во Маракеш првиот човек на ОН Бан Ки-мун подвлече дека “она што се чинеше незамисливо сега стана несопирливо а ние имаме само една планета, планета Б не постои”.

noor-maroc-centrale-solaire_5510651

Нур1, соларна централа во Мароко

Мароко беше избран како земја домаќин на КОП22 поради тоа што најголемиот предизвик во оваа област се токму земјите од Африка. Но и поради тоа што Мароко годинава отвори една од најголемите термо-соларни централи на светот во Уарзазат. Националната стратегија на Мароко е до 2020 година 42 отсто од целата енерегија за земјата да доаѓа од обвновливи извори. Мароко планира уште 4 соларни централи во текот на наредните години.

 

јаглен климатски промени КОП22 Македонија Маракеш Париски договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.