Кинеските власти регистрираа нови 327 случаи со корона-вирус додека бројката на починати во изминатите 24 часа е 44 лица. Со нив, вкупниот број на заразени лица достигна 78.824, а на починати – 2.788 лица, соопшти денеска Државниот комитет за здравство на Кина.
Според властите, 36.117 лица досега се целосно опоравени додека 39.919 лица остануваат во болниците, меѓу кои 7.952 лица во исклучително тешка. Први случаи на Ковид-19 се регистрирани во Белорусија, во Литванија и на Нов Зеланд.
Германија донесе одлука за времено затворање на Амбасадата во Јужна Кореја каде се регистрирани над 2.200 заразени со новиот коронавирус. Нигериските власти денеска соопштија за потврден случај на заболен од новиот коронавирус, прв во субсахарска Африка.