НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коронавирус: Консензус на економистите за рецесија

0
By Нова ТВ on March 17, 2020 ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Фото: thejakartapost.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија со оглед на брзото ширење на коронавирусот. Бидејќи берзите индицираат зголемени стравувања од потенцијалното економско влијание, 74 економисти од Европа и САД, на неодамнешните организирани панели, ги искажаа своите ставови за веројатноста од голема рецесија, но и за релативната важност на каналите за понуда и побарувачка преку кои Ковид-19 влијае и ќе влијае на економијата за што на својот блог пишува Ромеш Ватилингем.

Стручната економска фела одговараше на неколку прашања, меѓу кои – дали ќе се случи голема рецесија дури и ако се покаже дека смртноста од вирусот е ограничена (слично на бројот на смртни случаи на грип во редовна сезона), дали економските ефекти од намалено трошење ќе бидат поголеми од оние што доаѓаат од нарушувања на снабдувачките синџири и намалување на работната сила поврзана со болести. Покрај тоа, тие ги кажаа своите мислења за подготвеноста на институциите за политика во Еврозоната да реагираат ефикасно.

Веројатност за голема рецесија

На првата изјава за тоа дали ќе има голема рецесија, 19 отсто од 36 американски експерти силно се согласија, 44 отсто се согласија, 31 отсто беа несигурни и 8 отсто не се согласуваат. На европскиот панел, пак, поголемо мнозинство се согласи дека постојат шанси за голема рецесија – 48 отсто силно се согласија, 34 отсто се согласија, 13 отсто беа несигурни и 4 отсто не се согласуваат. Сето ова укажува на широк консензус кај експертите и во САД и во Европа, дека ќе има остар пад во економијата, но има помала усогласеност колку тоа ќе трае.

Фото: igmchicago.org

На пример, Анил Кашјап од Чикаго коментира дека „веројатно ќе има застој, но дали тоа ќе се искачи на ниво на рецесија, сè уште не е јасно“. И Жан-Пјер Дантин од париската Економска школа, посочува на одредена неизвесност: „Две четвртини негативен раст – да, голема рецесија – многу неизвесна, тоа ќе зависи од реакциите на политиката“.

Од малиот број експерти кои тврдат дека не ни претстои голема рецесија, Кенет Џад од Стенфорд вели „ако е како обичен грип, тогаш економијата треба брзо да закрепне. Ковид-19 само се заканува на неразвиени и изнемоштени економии“

Меѓу мнозинството кои се согласија или силно се согласија со изјавата дека голема рецесија е веројатна последица од пандемијата, без оглед на нејзината крајна бројка на починати, 62 отсто од американскиот панел и 82 отсто од европскиот панел забележуваат дека не се преземаат соодветни економски мерки во ситуација на пандемија.

Патрик Хонохан од Тринити Колеџ во Даблин одговара: „Ако стапката на смртност биде ниска, тоа ќе биде затоа што контролата е ефективна и тоа негативно ќе влијае на агрегатната понуда и побарувачка“. И Ричард Шмаленсе порачува дека мерките на претпазливост што се преземаат во многу земји ќе имаат значителен нарушувачки ефект врз економијата.

Фото: igmchicago.org

Други експерти посочуваат на она што може да се нарече „фактори на страв“. Лери Самуелсон од Јеил вели „Ковид-19 предизвикува голема паника и хаос, за да избегнеме рецесија на Ковид-19 треба да гледаме како на грип“. Дел од нив велат дека се гледаат првични знаци на рецесија во цените и во одговорите на фискалната и монетарна политика.

Ксавиер Фриксас од универзитетот Помпеу Фабра како главен проблем го посочува влијанието на глобализацијата. Современата меѓусебна поврзаност меѓу индустриите и земјите, според него, создава решетка на една индустрија која може да оди во целосна рецесија. Кристијан Леуз во Чикаго, исто така, алудира на меѓусебно поврзаност: „Тежината на падот веројатно се разликува по земја, но во многу земји ударите се веќе доста сериозни“. И Алберто Алесина на Харвард вели: „Ако ова што се случува во Италија се случи нашироко, тоа ќе биде голема рецесија“.

Шокови во понудата и побарувачката 

За некои сектори (услуги), велат експертите, побарувачката ќе биде клучна, но прекините во снабдувањето ќе бидат сериозни во производството. Карл Велан од Универзитетскиот колеџ Даблин вели дека ова е голем шок и за понудата и за побарувачката. Апелираат на внимание на финансиски последици – кредитната криза, стандардните заеми, ефектите врз осигурителните компании и сл.

Сепак има и такви кои тврдат дека ефектите од побарувачката ќе доминираат врз ефектите од понудата. Синџирите за снабдување, според нив, главно се однесуваат на производство на стоки, но производството е под 20 отсто од БДП. Услугите се со поголем удел во БДП и може да бидат повеќе изложени на ризик. Особено во богатите земји каде услугите доминираат во економијата, социјалното растојание ќе бидат најтешкиот дел.

Кристијан Леуз во овој контекст вели дека е „очигледно тешко да се оддели понудата и побарувачката, но во суштина се поставува прашањето дали ќе има мултиплициран ефект од шокот, мојот одговор е да“.

Европски институции

Економските експерти кои учествуваа на европскиот панел се скептични во однос на капацитетот на институциите за економска политика во Еврозоната да одговорат на предизвикот од потенцијалната штета од Ковид-19. Само 14 отсто од нив се согласија дека се добро опремени, 17 отсто беа несигурни, 48 отсто не се согласија, а 21 отсто остро не се согласуваат.

Повеќе од нив како голем проблем ја посочуваат неможноста да се координира фискален одговор. Карл Велан вели „отсуството на заеднички фискален инструмент (на пр. еврообврзници) го отежнува постоењето на координирана фискална реакција.

Фото: igmchicago.org

Јоаким Вот од Универзитетот во Цирих коментира дека „исто како во 2007-08 година, Европа е надвор од ручекот кога тоа е важно. Единствен одржлив актер во време на криза е нацијата-држава“.

Наспроти, генерално, песимистичките погледи на економските експерти, Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш ветува дека светските влади дејствуваат заедно за да спречат рецесија на светската економија заради ширењето на коронавирусот.

„Покрај тоа што предизвика јавна здравствена криза, вирусот ја зарази и светската економија“, напиша Гутереш во едиторијалот на португалскиот весник „Publico“, пренесува агенцијата „Хина“.

Фото: thepublicsradio.org

Ширењето на вирусот го наруши синџирот на снабдување и предизвика пад на инвестициите и потрошувачката, што доведе до „реална и растечка опасност од рецесија во светот“, продолжи поранешниот португалски социјалистички премиер.

„Ниту една земја не може да се бори сама. Повеќе од кога било, владите мора да соработуваат и да ги зајакнуваат економиите, да ги зголемат јавните инвестиции, да ја промовираат трговијата и да ги поддржуваат поединците и заедниците погодени од болеста“, истакна тој.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) неодамна предупреди за сериозноста на застој во светската економија поради пандемија на вирусот, што зависи од неговото времетраење и реакциите на владите. ММФ треба да ги објави своите ажурирани економски прогнози во април. ММФ прогнозираше глобален раст од 3,3 проценти во јануари, но ова беше пред светското нарушување поврзано со вирусот, како што се затворање на продавници, ограничувања на движење, откажување на спортски и културни настани.

На почетокот на март, генералниот директор на ММФ, Кристалина Георгиева, предупреди дека растот ќе биде помал од 2,9 проценти во 2020 година отколку што беше во 2019 година, но таа не можеше да предвиди колку.

економија Коронавирус панел Рецесија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.