Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коронавирус: Лажно чувство на безбедност со ракавици за една употреба

0
By Нова ТВ on April 11, 2020 СВЕТ
Фото: 3wnews.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ракавиците за еднократна употреба не штитат од новиот коронавирус, туку напротив како распространувач на микроби ја зголемуваат опасноста од заразa. Во супермаркетите, на пазарите, во секојдневието, сè почесто гледаме луѓе со ракавици за еднократна употреба со цел да се заштитат од зараза со коронавирусот. Во многу аптеки и веледрогерии со недели се распродадени и не може да се купат.

Користењето на ракавици за еднократна употреба е поради сознанието дека инфекцијата се пренесува преку капки од искашлување или кивање или со допир, па така вирусот може да заврши на вашата рака. Ако потоа се допрете на лицето, очите, носот или устата, вирусот навлегува во телото.

Пропустлив материјал

Секако лекарите и медицинскиот персонал ги носат овие ракавици за еднократна употреба, но тие штитат само од груба контаминација, како што е од крв или други телесни течности. Но, само краткорочно може да ве заштитат од контаминација со бактерии или вируси.

Ракавиците за еднократна употреба се направени од порозен материјал и колку подолго се носат, толку полесно вирусите може да ја пробијат заштитната обвивка. Токму затоа медицинскиот персонал ги мие и ги дезинфицира рацете по отстранување на ракавиците за еднократна употреба. Овие правила за хигиена се задолжителни и не ги заменуваат ракавиците за една употреба.

Лажно чувство на заштита

Ракавиците за еднократна употреба од винил, латекс или нитрил даваат чувство на стерилизирана заштита, но во суштина ова е лажно чувство на заштита. Додека многумина носејќи ракавици за еднократна употреба, внимаваат  да не го допрат лицето, тоа случајно и незабележано го правиме многу често.

Дури и кога со вакви ракавици ќе го фатите мобилниот телефон или ќе ставите рака во џеб, микробите се шират незабележано. За вирусот е неважно дали на лицето, а потоа и во телото, ќе заврши преку гола рака или преку ракавици за еднократна употреба.

„Хигиенски хаос од огромни размери“

Лекарите експлицитно предупредуваат од лажното чувство на заштита. Ракавиците за еднократна употреба напротив може да го зголемат ризикот од инфекција. Бидејќи рацете под ракавиците за брзо време почнуваат да се потат, а влажноста е идеална околина за бактерии и вируси од сите видови.

„Престанете да носите медицински ракавици. Тоа е еден хигиенски хаос од огромни размери. Под ракавиците, бактериите и вирусите се размножуваат со радост во влажната средина. Најдоцна по нивното остранување имате вистинска „канализација“ на рацете без дезинфекција. Честитки“, вака драстично реагираше Марк Ханефелд, лекар по општа медицина од северниот германски град Бремерворде, во пораката на Фејсбук и Твитер.

Сличен став околу ракавиците за еднократна употреба има и пулмологот и интернист д-р Јенс Метјус, кој во интервју за СВР ги нарече „центрифуга“ за коронавирусот.

„Тие не само што не штитат, туку напротив, се контрапродуктивни. За кратко време на површината на овие ракавици се собираат многу повеќе бактерии отколку на штотуку измиени раце“, вели Метјус.

Професорот доктор Ојан Асадиан, претседател на Австриското здружение за болничка хигиена (ОГКХ), со години предупредува од погрешна употреба на ракавиците за еднократна намена.

„Не би им препорачал користење на вакви ракавици во секојдневието на медицинско необучени лица. Потребно е одредено знаење и обука како овие ракавици се вадат со цел микроорганизмите кои се на нив да останат на ракавиците, а не да се пренесат на рацете, зглобовите или облеката“ објаснува тој во интервју за стручниот магазин pflegen-online.de

Правилно отстранување

Ако во моментот сакате да се заштитите себеси и вашите блиски од коронавирусот, тогаш подобро држете се до главните препораки – редовно мијте раце, држете растојание, останете дома и воздржете се од користење на ракавици за еднократна употреба.

Оној кој сепак сака да ги користи овие ракавици, мора по нивната употреба правилно да ги отстрани, а не како што сме често сведоци деновиве – да бидат фрлени насекаде и на отворено.

Фрлањето на ракавиците за една употреба каде било или намерно оставени во корпата за купување е опасно и антисоцијално. И тие, исто како и заштитните маски, мора да се стават во затворена кеса и потоа да се фрлат во ѓубре, препорачуваат и од Институтот „Роберт Кох“.

Коронавирус Ракавици Употреба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.