Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кос: Советот на ЕУ во ноември би можел да донесе одлука за старт на пристапните преговори со Украина и Молдавија  

0
By Zoran Ivanov on October 20, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 20, 2025 12:36

Европската комисија го заврши скрининг процесот со Украина и Молдавија и веќе во ноември Советот на ЕУ би можел да донесе одлука за почеток на преговорите со двете земји по шесте преговарачки кластери, изјави денеска во Луксембург еврокомесарката за проширување Марта Кос при пристигнувањето на состанокот на Советот за надворешни работи на Унијата.

Според неа, двете земји го забрзаа спроведувањето на реформите, се справуваат со корупцијата, ги зајакнуваат институциите и ги почитуваат принципите на владеењето на правото.

Уверена сум дека земјите членки нема да сакаат да видат како сето тоа запира, бидејќи ако застанеме сега, тоа е нешто што би и помогнало на Русија, додаде Кос.

На прашање како Европската комисија планира да го надмине ветото од страна на Унгарија за старт на преговорите на ЕУ со Украина, Кос истакна дека се разгледуваат сите можности и дека ќе се продолжи во тој правец, потенцирајќи дека проширувањето е принцип базиран на заслуги и Киев испорача во тој правец.

Унгарија не се спротивстави на давањето статус на кандидат за членство на Украина, па затоа и сега очекувам унгарска поддршка за го отвориме првиот кластер, а потоа и сите други. Ако Унгарија е загрижена за унгарското малцинството во Украина, можеме да се справиме со тоа во рамки на Кластерот Еден, рече Кос.

Таа додаде дека пред неколку недели ја посетила областа во Украина каде живее унгарското малцинства и разговарала со нивните претставници, при што, како што рече, ниту еден од нив не се пожалил на она што го тврди Унгарија.

Во врска со користењето на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, Кос рече дека тоа е прашање за кое се дискутира и се разгледуваат правно заснованите можности за реализација на таа идеја за доброто на Европската Унија и на нејзините земји членки.

Еврокомесарката за проширување додаде дека покрај за европските перспективи на Украина и Молдавија, на состанок ќе стане збор и за „загрижувачките случувања во Грузија“,

-Народот на Грузија на последните три избори и преку тековните протести кажува, а и анкетите покажуваат, дека сака европската иднина, но тоа не го сака и Владата. Нивната Влада очигледно не го слуша сопствениот народ и не сака да оди по европскиот пат, рече Кос.

Таа додаде дека противниците на грузиската Влада се затворани, а се замолчуваат новинарите и организациите на граѓанското општество.

 Во исто време, од оние кои се на власт се промовираат дезинформации против Европа и Европската Унија. Ги осудуваме тие лажни наративи и сите напади врз европските институции, врз претставниците на европските институции и нашите земји членки и ја повикуваме Владата на Грузија да го слушне својот народ, да биде инклузивна, да разговара со граѓанското општество и да ја следи нивната желба да станат дел од Европа, истакна Кос.

Таа додаде и дека со договорот меѓу Ерменија и Азербејџан првпат се добива можност да се воспостави мир во целиот кавкаски регион, што отвора перспективи преку тоа подрачје Европа да гради нови инфраструктури на поврзување со Централна Азија, откако трговските патишта низ Русија што претходно ги поврзуваа беа затворени со руската агресија врз Украина.

Во денешната геополитичка ситуација многу е важно да можеме да сметаме на добри партнерства и да имаме заеднички инфраструктурни проекти, што би значело ние Европејците да станеме помалку зависни во областа на енергетиката, трговијата… Мислам дека повеќе опции ќе значат поголема независност за цела Европа, додаде Кос.

Според неа, во тој правец ќе биде и денешниот Министерскиот состанок за меѓурегионална безбедност и поврзаност, што ќе се одржи по седницата на Советот за надворешни работи. Таа најави дека следната средба во овој формат меѓу ЕУ и земјите од регионите на Црното Море и Централна Азија ќе се одржи кон крајот на ноември во Ташкент.

 

ЕУ Кос Молдавија укреаина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.