Карпош С. го освои првиот трофеј во клупската историја. „Соколите“ вечерва во салата „Јасмин“ во Кавадарци го поразија Фени Индустри во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија. Членот на АБА лигата беше подобар од учесникот во БИБЛ лигата со 80:69 (по четвртини: 21:20, 21:17, 13:15, 25:17).
По изненадувачкиот триумф над МЗТ Скопје во полуфиналето, кавадарчани немаа сили за нова сензација. Скопскиот тим имаше контрола и во играта и на резултатот и не дозволи да биде загрозен во напад на тронот и покрај осцилацијата во вториот период во кој Фени И. поведе со седум поени разлика. На тоа гостите одговорија со 16:4 и во продолжението не влегоа во минус. Решавачката разлика Карпош Соколи ја направија во последната четвртина.
Најефикасен во финалето беше Доминик Мавра со 21 поен. Хрватот по мечот го доби и признанието за МВП. Лабовиќ постигна 17 коша за „соколите“ колку и Николовски за поразената екипа, Магдевски уфрли 10.
Куп на Македонија 2017
Финале
Карпош Соколи – Фени Индустри 80:69 (по четвртини: 21:20, 21:17, 13:15, 25:17)
Полуфинале
Карпош Соколи – Работнички 92:78 (по четвртини: 18:25, 19:23, 24:25, 17:19)
Фени Индустри – МЗТ Скопје 80:79 (по четвртини: 16:22, 26:16, 17:25, 21:16)
Четврт-финале
Карпош Соколи – Вардар 92:84 (по четвртини: 30:13, 23:24, 20:22, 19:25)
Фени Индустри – Охрид 112:69 (по четвртини: 24:12, 28:19, 34:20, 26:18)
Работнички – Куманово 87:81 (по четвртини: 24:13, 18:16, 21:22, 24:30)
МЗТ Скопје – Кожув 83:72 (по четвртини: 23:11, 24:27, 17:17, 19:17)