Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошаркарски Куп: МЗТ Скопје со титула побара прошка од навивачите

0
By Нова ТВ on February 19, 2018 СПОРТ
Фото: mztskopjeaerodrom.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кошаркарите на МЗТ Скопје, конечно, обезбедија причина за радост и задоволство. За себе, за управата, за навивачите. Аеродромци го совладаа Работнички со 76:67 (по четвртини: 17:14, 16:17, 21:17, 22:19) во финалето на Купот на Македонија за деветта титула во натпреварувањето колку што има и тимот од Градски парк.

Димитар Мираковски беше најефикасен поединец со 24 поени, шест повеќе од првиот стрелец во победничката екипа, Бојан Трајковски додека неговиот клупски колега Дамјан Стојановски го понесе признанието за МВП на финалето.

Лукаиќ: Заслужена победа по тешката полусезона во АБА лига

Жељко Лукаиќ, тренер на МЗТ Скопје Аеродром, ја оцени пресметката во салата „Јасмин“ во Кавадарци како достојна на финале, а резултатскиот успех очекува да биде во насока на враќање на самодовербата кај неговите кошаркари за првенствените предизвици што ќе следуваат. „Металците“ зад себе имаат очајна сезона во регионалната АБА лига на што кумуваа и големиот број на повреди со кои се соочи српскиот стручњак по преземање на кормилото на екипата од „Јане Сандански“.

„Некои наши идеи не успеавме да наметнеме, но успеавме да одговориме на сите можни начини. Ги чекавме нашите пет минути и ги дочекавме и одигравме најдобро кога ни беше и најпотребно. Она што прави да бидам задоволен е колективната игра. Имавме тешка полусезона во АБА лигата, повредите во голема мера ги отежнуваа нашите настапи, но мислам дека овојпат заслужено се радуваме. Едноставно мора да го искористиме моментот за враќање на самодовербата. Беше неопходно да заличиме како екипа за што мина многу време“, истакна Лукаиќ по првиот негов трофеј на македонската кошаркарска сцена.

Тој воедно ја потенцира важноста за присуство на израмнети клубови на кошаркарската сцена во Македонија, но и предупреди дека победа во Куп финалето не смее на опие, пред се, поради обврските што аеродромци ги чекаат во домашниот шампионат.

„Голем играч се станува во вакви мечеви, а ваквите мечеви на површина исфрлаат херои.  Ваквите дерби средби се мотив за уште посилна работа, но и за развој на млади кошаркари“, додаде Лукаиќ.

Докузовски: „Вечното дерби“ е повторно живо, честитки за МЗТ Скопје

Тренерот на Работнички, Марин Докузовски го призна поразот во финалето во Купот меѓутоа го нотира и значењето од оживување на пресметките меѓу „вечните“ во македонската кошарка. Поранешниот селектор на „црвено-жолтите“ упати честитки до противничкиот табор за победата, а како причини за поразот на неговата екипа ги наведе отсуството на повредениот Маркус Гињар и личните грешки на високите кошаркари поради што Крстевски и Николовски мораа предвреме да завршат со настап.

„Финалето беше вистински празник на кошарката. Понудивме одличен, борбен меч како најава за враќање на кошаркарското дерби на Македонија. Честитки до МЗТ Скопје за освоената титула“, рече Докузовски.

Работнички на патот до финале ги елиминира Карпош во четврт-финалето со убедливи 103:49, а потоа и Куманово во полуфиналето со 77:68. Во мечот за титулата остана без арсенал за десетта титула. Отсуството на Гињар и без поддршка до крај од високите играчи во рекетот доведе до епилог каков што беше конечниот во Кавадарци иако за тоа се прашуваа и аеродромци.

„Личните грешки можеби пресудија.  Фактот што моравме да играме без Николовски и Крстевски  дефинитивно беше решавачки за победникот. Да не зборам за Гињар со кого ќе беше друга песна. Бевме лимитирани на клупата и постојано бевме во состојба да бркаме резултат на терен. Примивме неколку несреќни поени додека во напад промашивме неколку клучни шутеви за погодоци“, анализира Докузовски.

Куп на Македонија – сезона 2017/18

Финале

Работнички – МЗТ Скопје 67:76

Полуфинале

Работнички – Куманово 77:68

Блокотехна – МЗТ Скопје 78:89

Четврт-финале

Работнички – Карпош 103:49

Куманово – Гостивар 85:65

Блокотехна – Охрид 110:88

МЗТ Скопје – Фени Индустри 115:68

Жељко Лукаиќ кошарка Куп на Македонија Марин Докузовски МЗТ Скопје Аеродром Работнички
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.