Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошта: Во Европа, ниту каде било во светот, нема место за негирање на геноцидот и величање на злосторници

0
By Marija Todorovska on July 11, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 11, 2025 14:47

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска на комеморацијата по повод 30-годишнината од геноцидот во Сребреница изјави дека во Европа, ниту каде било на друго место, нема место за, како што рече, негирање на геноцидот, историски ревизионизам или величање на злосторници.

 Негирањето на ваквите ужаси ја труе нашата иднина. Наша морална и човечка обврска е да се соочиме со целосната вистина. Тоа е првиот чекор за да обезбедиме ваквите злосторства никогаш повеќе да не се повторат, нагласи Кошта.

Тој наведе дека денеска во Поточари се одбележува сеќавањето на жртвите на геноцидот во Сребреница, „трагедија која ги разори семејствата, заедниците и самото човештво“.

 Оддаваме почит на оние кои беа брутално убиени, како и на оние кои сè уште се водат како исчезнати. Оддаваме почит на оние чие отсуство остава празнина која ништо не може да ја исполни, рече претседателот на Европскиот совет.

На семејствата на жртвите им вети дека засекогаш ќе остане сеќавањето на убиените жители на Сребреница.

Во овој момент на сеќавање, ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на вистината и одговорноста. Во тишината и болката на денешното сеќавање, тлее и надеж. Надеж за децата и внуците на оние кои ги изгубија животите – да ги остварат своите соништа, да градат одново и да создадат иднина без омраза и насилство, нагласи Кошта.

Тој истакна дека останува „долг на европското ветување дадено на Босна и Херцеговина“, пренесе Бета.

Патот од војна и геноцид кон мир и просперитет. ЕУ е проект на мир, роден од пепелта на трагичната војна, воден од визија за помирување. Тоа е истата визија со која денес се раководиме во проширувањето кон земјите од Западен Балкан, рече претседателот на Европскиот совет.

Тој изрази уверување дека местото на БиХ е во ЕУ, додавајќи дека ЕУ е „безбедно место и инклузивно општество на почитување на различностите и верските слободи“.

Ќе продолжиме да ја даваме поддршката за вашиот пат кон Европската Унија – Унија основана на помирување, меѓусебно почитување, мир и напредок, рече Кошта.

Според него, треба да им се оддаде почит на жртвите со „повторно потврдување на посветеноста на вистината, правдата, надежта и трајното ветување за подобро утре“.

Нека сеќавањето на нив ни биде инспирација да изградиме иднина во која ваквите трагедии никогаш повеќе нема да се повторат, заклучи претседателот на Европскиот совет.

геноцид ЕУ Кошта Сребреница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.