Министерството за финансии на Косово соопшти дека по 1 октомври 2021 година, оние кои ќе изгубат член на семејството поради вирусот, може да добијат помош само доколку починатиот член на семејството е вакциниран со две дози.

Косово ќе им исплатува по 1.500 евра на семејствата кои загубиле член поради  ковид-19. До крајот на ноември, тие можат да аплицираат за еднократната помош, којашто се однесува само на блиски членови на семејството, како брачен другар, дете или родител, пренесуваат регионалните медиуми.

За електронската пријава е потребна потврда за матична регистрација, со која се потврдува семејната поврзаност на барателот со починатиот и копија од последната страница од личната карта на лицето кое аплицира.