Градската Болница “8 септември” е потоната во длабоки долгови. Дури 5 милиони евра е дупката која ја оставило претходното раководство, рече денеска на прес-конференција новиот директор на оваа здравствената установа, Христијан Костов.
Тој бара од Владата да најде начин за да се отплати долгот, и потоа да се отвори патот за реновирање на болницата. Според него најприоритетни се салите за операции.
Костов се надева дека во употреба ќе биде ставен и хелиодромот со кој полесно и побрзо би се транспортирале пациенти кои се во тешка состојба а треба да се лекуваат во Скопје.
Годишно болницата прима околу 250 илјади пациенти и врши од 6 до 7 илјади операции.
Болницата се соочува и со недостиг на персонал поради што голем број на одделенија во оваа болница се затворени.
По завршувањето на локалните избори, раководството очекува да бидат распишани огласи за вработување со што во целост би проработел овој здравствен капацитет.