Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Има доволно време до изборите во 2024 година за да се разговара околу предлогот за една изборна единица

0
By Biljana on February 7, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите прашања кои не се во насока на справување со најголемите предизвици предизвикани од кризата претставуваат дефокусирање од проблемите кои се најважни за граѓаните, вели премиерот Ковачевски.

„Прашањето за една изборна единица е дел од Изборниот законик и ова прашање секогаш се носело со консензус во Собранието. СДСМ е политичка партија која прва го поддржа концептот на една изборна единица, а со тоа и барањето на помалите политички партии кои се дел од владејачката коалиција“, рече претседателот на Владата, Димитар Ковачевски при посетата на фабриката „Кондево“ во ТИРЗ Штип.

Според Ковачевски, изборните модели треба да бидат правени врз основа на широка расправа на работни групи.

„Овие работни групи ќе вклучуваат претставници на политичките партии, но и ресорните министерства задолжени за изготвување на Изборниот закон, кои што ќе вклучат и експерти во таа расправа, нормално и експерти на ОБСЕ и ОДИХР кои ќе треба да ги дадат своите забелешки, а со цел да дојдеме до Изборен законик кој на најдобар начин ќе ги отсликува прво заложбите на политичките партии во државата, барањата на граѓаните и кои што ќе можат да гарантираат прво фер изборен натпревар и резултати кои што на најдобар начин ќе ги отсликаат и програмите на политичките партии и секако гласот на секој еден граѓанин во државата“, рече премиерот Ковачевски додавајќи дека има доволно време до изборите во 2024 година да се формираат работни групи кои ќе дефинираат решение за тоа каков Изборен законик ќе има за редовните парламнетарни избори.

Во однос на предлогот на опозицијата за укинување на „пржинската влада“, Ковачевски вели дека во момент кога државата се соочува со неколку големи предизвици, како што е справувањето со здравствената и енергетската криза, топлинската криза во градот Скопје  и отворениот процес на разговори со Република Бугарија, сите прашања кои не се во насока на справување со најголемите предизвици, вели претставуваат дефокусирање од проблемите кои се најважни за граѓаните.

„Самото барање на опозицијата за укинување на пржинската влада потврдува дека во државата имаме демократски амбиент, кој што го немало во времето кога беше воведена таа пржинска влада. Со оглед на тоа дека пржинската влада е договорена помеѓу четирите најголеми партии, тоа значи дека и нејзиното укинување треба да се направи на истиот начин, а не со еднострано барање на една политичка партија. Притоа имаше и изјава од страна на еден коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ, односно Алијанса за Албанците, дека тие имаат друг поглед за тоа прашање. Од таа причина треба работни групи да договорат решение, кое ќе биде дел од Законот за влада и ќе важи за изборите во 2024 година“, рече премиерот Ковачевски.

Во однос на разговорите со Бугарија, а во пресрет на состанокот на работните групи во МНР кон крајот на оваа недела, Ковечевски вели дека Владата отвори еден нов просец на разговори кој се темели на прашања поврзани со реални теми кои ги афектираат сите граѓани и сите општествени процеси во двете држави

„После двете средби со премиерот на Бугарија и формирањето на работните групи, и тоагаш кажавме дека МНР ќе продолжат да работат на изнаоѓање на решенија за политичките прашања кои што се отворени помеѓу двете држави. Јас очекувам тие да работат на професионален начин, врз основа на стандардите на меѓународните односи и разговорите да бидат водени во духот на европските вредности и со почитување на достоинството на граѓаните и на Република Северна Македонија и на Република Бугарија“, заклучи претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

(Б.Б.)

Димитар Ковачевски една изборна единица Изборен законик Пржинска влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.