Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски од Молдавија: Пред нас има одлука за Европа или за изолација

0
By Соња Крамарска on June 1, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Од денешната изјава на Ковачевски во Молдавија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
„Пред нас има одлука за Европа или за изолација“, рече Ковачевски денес пред новинарите во Молдавија каде што учествува на собирот на Европската политичка заедница, одговарајќи на новинарско прашање околу тековната политичка ситуација во Македонија.

Во изјавата за медиуми, Ковачевски посочи дека во текот на денот ќе оствари средби со повеќе државници присутни на вториот Самит на Европската политичка заедница како средба со премиерката на Данска, премиерот на Молдавија и други.

Дополнително, во одговор на новинарско прашање тој повтори дека стратешка цел на државата е полноправното членство во ЕУ до 2030 година и дека скрининг процесот треба да заврши многу скоро. Истакна дека земјата ја очекуваат политички одлуки со кои ќе се овозможи отворање на кластерите и поглавјата. Северна Македонија, рече тој, покажа дека низ дипломатија и тешки одлуки успеа да стане земја членка на НАТО, со отпочнати преговори со ЕУ и земја претседавач со ОБСЕ, фактор на стабилност во регионот.

Ковачевски изјави и дека Европската политичка заедница не е замена за процесот на интеграција, туку напротив заедница која ќе обезбеди подобра соработка на целиот регион во надминување на предизвиците од руската воена агресија врз Украина.
„Сега е отворена вратата за интеграција во ЕУ со оглед на геополитичкиот момент во кој се наоѓа Европа и тој момент треба да се искористи“, рече тој.

Тој повтори дека вчера претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен, порачала дека е сега времето кога треба да се донесат одлуките за Северна Македонија да го продолжи патот кон евроинтеграцијата и до 2030 година да стане членка на ЕУ.

„Исто така имав состанок со претседателот на Франција на кој разговаравме во детали за процесот кој следи, го информирав за тоа дека се започнати уставните измени, практично предлогот на иницијативата е направен од работната група, доставен до Министерството за правда, ќе биде доставен до Владата, кој подоцна ќе оди во Парламент. Пред тоа јас ќе имам состанок со претседателот на најголемата опозициска пратија ВМРО – ДПМНЕ и нивниот тим на кој ќе го споделиме планот, со тоа сметам дека кај нас има капацитет како што и досега имало да се донесат вакви одлуки кои ќе овозможат подобра иднина за нашите граѓани“, подвлече Ковачевски.

Тој додаде и дека „по јасната порака на американскиот сенатор Марфи и амбасадорите во државата, вклучувајќи ја тука и американската амбасадорка, холандскиот амбасадор во делот на интеграцијата на државата“, на сите во нашата држава им е јасно дека имаме предлог преговарачка рамка доставена од 27 земји членки на ЕУ, и дека она што претстои пред нас е вклучување на други делови од народи во нашиот Устав, вклучително и бугарскиот народ.

„Со тоа сметам дека се постигнува уште една многу значајна цел, бидејќи конечно веќе ќе се стави крај на онаа теза којашто беше дека се работи за еден народ во две држави, за прв пат ќе имаме во Уставот и Македонци коишто се веќе, меѓутоа тука сега ќе бидат јасно диференцирани и Бугарите со што таа теза веќе еднаш засекогаш ќе заврши и нема да биде тема на разговор“, рече Ковачевски.

С.К.

Димитар Ковачевски ЕУ интеграции Молдавија Преговарачка рамка уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.