„Производството и снабдувањето со струја од АД ЕСМ е стабилно“, порача претпладнево премиерот Димитар Ковачевски преку неговиот Фејсбук профил. Во изминатото деноноќие АД ЕСМ целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети, вели тој.

„Во текот на вчерашниот ден АД ЕСМ произведе 13.309 MWh електрична енергија. Во термоелектраните се произведени 8.954 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци се произведени 4.355 MWh електрична енергија“, посочи премиерот додавајќи дека информирањетоза енергетската состојба во државата ќе продолжи и понатаму.