Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата и ставот на пратениците на АА за кадровски промени од партијата

0
By Marija Todorovska on February 8, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 8, 2024 12:39

Пратеничката група на СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата во однос на кадровски промени од редовите на Алијанса за Албанците и врз основа на ставот којшто ќе го имаат и пратениците на АА.

Ова го изјави денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата Лапласт – М.

„Во однос на односите во Алијанса ќе ги прашате во Алијанса, јас не можам да одговорам во име на друга партија. Ако доставиле предлог до претседателот на Владата тогаш ќе го прашате претседателот на Владата каков предлог добил. А за тоа како ќе гласа пратеничката група на СДСМ таа ќе гласа во согласност со предлогот којшто ќе дојде од страна на Владата и секако врз основа на ставот којшто ќе го имаат и пратениците на Алијанса. Меѓутоа, за тоа вие велите некаква кадровска комисија во Алијанса јас навистина не ја знам ни кадровската комисија и каква им е структурата на партијата“, рече Ковачевски.

Посочи дека досега комуникацирал со лидерот АА, Арбен Таравари и при формирањето на Владата, но и пред два дена, а претходно имале и заеднички состанок во седиштето на СДСМ.

„Во однос на изборниот настап, ние и сега сме во коалиција со партиите коишто се за продолжување на европските интеграции на државата визави другиот блок на политички партии, кои се против продолжување на европските интеграции на државата. Тие тоа впрочем и го докажале, ВМРО-ДПМНЕ, Левица и другите во текот на изминатите години, другите и во текот на изминатите декади дека никогаш не носеле одлуки за НАТО и за европска интеграција на државата“, изјави Ковачевски.

Изборниот настап, нагласи, е одлука на органите на партиите, дали ќе се оди на заеднички листи или на листи со традиционални коалиции на коалициските партнери.

„Меѓутоа, на крајот на денот ние ќе имаме два блока во коишто едниот ќе биде за европска интеграција и другиот ќе биде за изолација“, заклучи лидерот на СДСМ Ковачевски.

Прашан за преговорите за заеднички листи со ДУИ рече дека процесите се движат накај одржување фер и демократски избори и победа на проевропската коалиција.

„За листите ќе видиме кога ќе носат одлуки партиските органи на сите партии“, подвлече Ковачевски.

Во однос на последните анкети објавени на МТВ, според кои ВМРО – ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ, а албанската опозиција е зад ДУИ забележа дека таа е преземена од институт близок со опозициската партија.

„И МТВ всушност само не потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година, така што ова прашање можеби треба да го поставите и до г. Гир, до американската амбасадорка, до холандскиот амбасадор бидејќи тие многу често коментираат во однос на демократијата, слободата на медиумите, начинот на известувањето итн. Јас ви кажувам дека ова комплетно може да ги потсети сите како изгледаа медиумите до 2016 година“, рече Ковачевски.

Алијанса за Албанците Ковачевски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.