Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ не можеше за една резолуција да излобира, зарем тие ќе правеле нова преговарачка рамка?

0
By Ана Василевска on June 19, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски повтори дека на прес-конференцијата по одржаната лидерска средба јасно биле искажани позициите и од негова страна, како и од страна на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Сметам дека таа лидерска средба даде неколку важни пораки. Прво, дека ВМРО – ДПМНЕ не е против промена на Уставот, второ дека не е против вклучување на делови од други народи во Преамбулата на нашиот Устав, вклучително и на деловите од бугарскиот народ. Трето, дека овој парламентарен состав има легитимитет тоа да го направи, бидејќи пред тоа ВМРО – ДПМНЕ кажуваше дека нема. Четврто, дека оваа Влада има легитимитет, бидејќи ВМРО – ДПМНЕ побара да биде дел од Владата, при што беше веднаш понудено братски 50 – 50 местата на СДСМ да бидат отстапени половина на ВМРО – ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ имаше уште еден услов, од нему познати причини, а тоа е ДУИ да не биде дел од Влада која што ќе стапи на функција по отворањето на Уставот и таа желба му беше исполнета од страна на ДУИ. Така да практично сите работи кои што беа поставени беа и прифатени“, кажа Ковачевски.

Според него, овие теми на маса се одлична основа за работата да продолжи на оперативно ниво, низ работни групи коишто ќе можат да ги договорат деталите.

„Бидејќи сепак се работи и за детали, кога почнува Владата да функционира, кога се гласаат уставните измени, се работи за рокови. Сметам дека оваа одлука треба да се донесе заедно, сметам дека ВМРО – ДПМНЕ исто така се наоѓа во позиција која што не е најпријатна. Бидејќи една голема партија да не гласа ниту една одлука која што е значајна за стратегиските цели на државата, тие не поддржаа ниту договор со Грција, ниту членство во НАТО, ниту догвор за добрососедство, ниту преговарачката рамка, ниту договорот Фронтекс. Стварно е непријатно кога самите не знаат да ги објаснат. На пример, за Фронтекс велат дека не го слушнале ѕвончето. Знаете кога ќе кажат 44 луѓе дека не слушнале ѕвонче, тогаш е стварно, сфаќате дека се наоѓаат во непријатна ситуација“, додаде премиерот одговарајќи на новинарски прашања.

Тој нагласи дека треба да се многу важна одлука за државата и тоа треба да се направи заеднички.

„Сметам дека тие ќе изнајдат сила и начин тоа да го направат. Гледам дека во еден момент имаше желба, знаете првиот ден после лидерската средба, таа беше на 7-ми јуни, на 8-ми јуни имаше практично дисонантни тонови од ВМРО – ДПМНЕ, во однос на толкувањето, за да после 2 -3 дена, јас не сакам да верувам дека тоа е под притисок на Левица, потполно да се вратат чекор назад. Сметам дека тоа што беше постигнато таму е добра основа да се продолжи низ заедничка работа, да се направи следниот чекор. Во таа група треба да бидат вклучени нормално и другите партии“.

Тој додаде дека пораката за носењето на вистински одлуки доаѓа и од нашите најголеми партнери кои се со нас во изминатите 30 години и земјите членки на ЕУ и САД.

„Бундестагот донесе резолуција со која што го птврдува македонскиот јазик, идентитет, култура и ја искажува својата недвосмислена поддршка за нешто вклучување во ЕУ со што ќе ја збогатиме културата и идентитетот на Европа, на европскиот мозаик. ВМРО – ДПМНЕ до сега зборуваше во делот на заштита на идентитет, култура, јазик, односно го плашеше народот дека ќе сме го изгубеле, токму спротивното се случи. Македонскиот јазик, идентитет, култура, се потврдени на врвно ниво во ЕУ, дополнително и со резолуција на најсилната држава, или една од најсилните држави во Европа и светот. За жал тие не успеаа, како што не успеаа 11 години, да направат ништо на европски и регионален план за државата, не успеаа ниту минатата недела. Бидејќи токму нивните сестрински партии не ја поддржаа таа резолуција. Тоа значи дека, знаете тие велеа, кога тие ќе дошле ќе преговарале нова преговарачка рамка. Тие не можеа една резолуција да излобираат од три пратеника да гласаат во Германија, ќе правеле нова преговарачка рамка. Така да мислам дека треба да опстанат на она што го кажаа на прес – конференцијата на 7ми јуни и да седнеме и заедно братски, рамо до рамо да ги донесеме одлуките кои што значат подобра иднина и животен стандард на нашите сегашни и идни генерации“, заклучи Ковачевски.

Бундестагот ВМРО-ДПМНЕ Димитар Ковачевски уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.