Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски – Вучевиќ: Ќе продолжи продлабочувањето на односите меѓу Северна Македонија и Србија

0
By Marta Pesevska on January 27, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со потпретседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ.

На состанокот се разговараше на повеќе теми, во насока на продолжување и унапредување на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија. Заеднички беше констатирано дека односите меѓу двете земји се пријателски и партнерски, а ќе продолжат да се продлабочуваат преку проширување на соработката, зацврстување на взаемната доверба, разбирањето и добрососедството.
Тема на разговор беше и отворањето на почесниот Конзулат на Република Србија во Охрид, нормализирањето на односите помеѓу двете цркви, МПЦ-ОА и СПЦ.
Премиерот Ковачевски истакна дека патнерството и пријателството меѓу Република Северна Македонија и Република Србија се пример за регионов. Затоа не само за двете држави, туку и за целиот регион е важно да се изоди европскиот пат.
Од страна на потпретседателот на владата на Република Србија Вучевиќ беше изразена благодарност до македонската Влада за поддршката на српската заедница во Северна Македонија и нејзината вклученост во мултикултурното општество во кое сите придонесуваат.
Вучевиќ истакна дека Владата на Република Србија останува посветена на одлични односи и продолжување на соработката, бидејќи Република Србија нема поблизок народ. Сите суштински прашања се решени, а односите во регионот се релаксирани.
И двете страни истакнаа дека Отворен Балкан треба да се прошири бидејќи е доказ за нас самите дека можеме да го развиваме регионот, се вели во владиното соопштение.
Бучевиќ добрососедство Ковачевски отворен балкан соработка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.