„Договоривме дека следниот лидерски самит на Отворен Балкан ќе се одржи првата половина од јуни во Охрид, а на почетокот од септември заедно ќе организираме голем туристички саем на вино и храна во Србија. Уверен сум дека македонските производители на вино и храна ќе имаат што да му покажат на регионот“, напиша на својот фејсбук профил премиерот на Македонија Димитар Ковачевски.
Според Ковачевски на самитот во Охрид ќе бидат потпишани значајни договори и меморандуми за соработка во културата, туризмот и економијата.
„Отворен Балкан иницијативата останува отворена за Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. Заедно сме Европа“, пишува Ковачевски.
Попладнево со претседателот на Србија, Вучиќ и со премиерот на Албанија, Рама премиерот имаше значаен онлајн состанок за идните чекори од иницијативата Отворен Балкан.