Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковеши: Европските субвенции во Грција беа наменети за земјоделците, а не за некои да се стекнат со вили и скапи автомобили

0
By Zoran Ivanov on October 2, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со години, криминалците, со помош на државни службеници и високи функционери, крадеа европски пари што беа наменети за помош на вредните и чесни земјоделци за да ја обработуваат оваа прекрасна земја, а не за некои луѓе да стекнат со вили и луксузни автомобили, истакна европската обвинителка Лаура Ковеши на прес-конференцијата во Атина говорејќи за скандалот со грчката агенција ОПЕКПЕ надлежна за европските земјоделски субвенции.

Ковеши нагласи дека „ОПЕКЕПЕ стана акроним за корупција и непотизам“.

Превенцијата беше неефикасна, доставувањето пријави беше попречено, истрагата во најдобар случај беше површна, посочи европската обвинителка.

Говореше и за железничката несреќа кај Темпи од февруари 2023 година и рече дека и во овој случаи и за ОПЕКЕПЕ, пречка во истрагите бил членот 86 од грчкиот Устав што се однесува на одговорноста на министрите, односно дека единствено Парламентот е надлежен да ги гони членовите на Владата за кривични дела сторени додека се на функција.

Објасни дека европското обвинителство во истрагата на грчките случаи функционира според грчкиот Устав и не можат да го прекршат и токму затоа посочи дека е неопходно да се промени конкретниот член 86.

Лошата вест е дека, (и за ОПЕКЕПЕ) како и во случајот Темпи, истрагата не можеше да стигне онаму каде што треба поради Уставот. Добрата вест е дека Парламентот може да го измени членот 86. Разбирам дека постои политичка волја за да започне овој процес, нагласи европската обвинителка и додаде дека министерот за правда на Грција на вчерашната средба ѝ ја пренел намерата да се промени овој член од Уставот.

За железничката несреќа кај Темпи пред две и пол години рече дека „оваа трагедија можеше да се избегне доколку беше имплементиран на правилен начин проектот“, односно договорот 717 за железницата, што се однесува на сигнализација и далечинско управување.

Нагласи дека „единствениот начин за да се затвори оваа рана, е да се спроведе правдата“, но и додаде дека „поради членот 86 ова не се случи“.

За случајот Темпи, ја завршивме нашата истрага и набргу ќе постои одлука, знам дека на национално ниво веќе е донесена одлука. Ние ја имаме нашата внатрешна процедура. Стигнуваме до крајот на процесот, штом имаме одлука ќе информираме, истакна Ковеши.

Дополнително, на прес-конференцијата европската обвинителка нагласи дека „правдата не може да се претвори во реално шоу“.

Ако сакате да ја откриете вистината, не ги повикувајте сведоците да зборуваат на телевизија и на тој начин осомничените да можат да го чујат она што треба да го скријат, нагласи Ковеши.

 

Грција Европски ковеши пари субвенции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.