Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 пандемија: Стапката на смртност опаѓа, европските акции растат

0
By Нова ТВ on April 20, 2020 ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Фото: investingacad.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вредноста на акциите на европските берзи денеска почна да бележат раст по информациите за пад на стапката на смртност од ковид-19 во Италија и во Шпанија. Но, инвеститорите, сепак, се внимателни при тргувањето во исчекување на најлошите квартални извештаи за профит на компаниите по финансиската криза во 2008 година.

Паневропскиот STOKS 600 индекс, утрово во 7:01, забележа скок за 0,4 отсто, откако во петокот беше „заклучен“ со највисок двонеделен процентен раст од 2015 година, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Вкупната негова вредност, сепак, е 23 отсто пониска од рекордното ниво што беше регистрирано во февруари.

Проценките на аналитичарите се дека компаниите од STOKS 600 индексната кошничка ќе објават пад на заработувачката од 22 отсто, наместо растот што претходно го предвидуваа, покажуваат податоците на агенцијата „Рефинитив“ која прибира финансиски показатели.

Холандската компанија „Филипс“, на пример, ја повлече првобитната прогноза за работењето во 2020 година, бидејќи ковид-19 „откина“ голем дел од нејзините приходни проекции за првиот квартал оваа година. Сепак, нејзините акции пораснаа за 2,7 отсто на денешното претпладневно тргување.

Акциите, пак, на францускиот конгломерат „Вивенди“ скокнаа за 4,5 отсто, откако пријави поголеми приходи за првото тримесечје во оваа година. Најголем придонес во тоа е припишан нејзината компанија „Универзал“ која работи во музичкиот сектор.

акции берза Вредност Европа Индекс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.