Во Србија во последните 24 часа се евидентирани нови 6.948 новозаболени со ковид-19 од 24.490 направени тестови додека починаа 64 пациенти како последица на компликации од вирусот.
На респиратори низ српските болници се приклучени 277 лица, а вкупниот број на хоспитализирани пациенти е 6.791.
Од почетокот на пандемијата, во Србија се направени 6.230.395 милиони тестови на примероци за коронавирус, а инфекцијата е потврдена во 1.118.905 милиони случаи.