Согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, при што се потврдени 325 нови случаи со ковид-19. Регистрирани се 11 оздравени пацеинти, како и едно едно починато лице во болнички услови од Битола (55 год.), соопшти Министерството за здравство (МЗ).
Од вкупниот број на новорегистрирани случаи на ковид-19, во Скопје отпаѓаат 101, во Тетово – 95, во Гостивар – 43, во Куманово – 26, во Струга – 10, во Охрид, Дебар и Кичево по седум, во Прилеп, Кочани и Македонски Брод по четири, во Струмица, Радовиш и Пехчево по три, во Кавадарци и Штип по два и во Битола, Велес, Берово и Виница по еден. Од 11-те оздравени пациенти, во Скопје се шест, во Куманово два и в0 Тетово, во Гостивар и во Валандово по еден.
Направени се 5.959 тестови преку ИЈЗ – 124, преку ЦЈЗ Скопје – 55, преку ЦЈЗ Битола – 100, преку ЦЈЗ Прилеп – 50, преку ЦЈЗ Тетово – 67, преку ЦЈЗ Куманово – 68, преку Судска медицина – 3, преку УК Пулмологија со алергологија – 5, преку ГОБ „8 септември“ – 10, преку Институт за микробиологија – 22, преку Клиника „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 115, преку „Авицена“ – 502, преку „Биотек“ – 329, преку Клиника „Систина“ – 72, преку лабораторија „Лаор“ – 763, преку „Синлаб“ – 66, преку „Ремедика“ – 10, преку „Плодност“ – 44, преку „Генеа“ – 1, преку „Никоб лаб“ – 993, преку ВФВ Медикал – 57, преку „Ели Медика“ – 23 и преку ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.480.
Досега во земјата се направени вкупно 1.005.162 милиони тестирања на ковид-19. Вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 157.251, бројот на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а на активни случаи изнесува 1.268.
Дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје – 69.145, активни – 370
Куманово – 9.017, активни – 114
Прилеп – 8.350, активни – 20
Тетово – 7.724, активни – 379
Битола – 6.349, активни – 38
Велес – 5.482, активни – 6
Гостивар – 5.323, активни – 126
Кавадарци – 5.164, активни – 8
Охрид – 5.039, активни – 18
Штип – 4.974, активни – 10
Струмица – 4.160, активни – 30
Струга – 3.005, активни – 22
Кочани – 2.811, активни – 15
Кичево – 2.638, активни – 30
Гевгелија – 2.197, активни – 1
Неготино – 2.184, активни – 0
Свети Николе – 1.528, активни – 3
Ресен – 1.235, активни – 1
Крива Паланка – 1.227, активни – 0
Радовиш – 1.170, активни – 8
Берово – 1.042, активни – 10
Делчево – 974, активни – 0
Дебар – 980, активни – 36
Виница – 891, активни – 5
Пробиштип – 789, активни – 0
Валандово – 674, активни – 5
Богданци – 494, активни – 0
Крушево – 490, активни – 0
Демир Хисар – 400, активни – 0
Демир Капија – 396, активни – 0
Кратово – 377, активни – 0
Македонски Брод – 364, активни – 5
Пехчево – 276, активни – 7
Македонска Каменица – 250, активни – 1
Дојран – 132, активни – 0