Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19: Зелено светло за плазма терапија во САД

0
By Нова ТВ on August 24, 2020 ВЕСТИ
Фото: cnbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) издаде итно одобрение за употреба на плазма за лечење на заболените од коронавирусот. Оваа терапија користи крвна плазма богата со антитела од луѓе кои оздравеле од болеста и веќе се користи кај повеќе од 70.000 луѓе во САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лечењето може да ја намали смртноста за 35 отсто. Одлуката дојде еден ден откако Трамп ја обвини ФДА оти го спречува развојот на вакцини и лекови поради политички причини.

Тој оваа одлука ја објави пред Републиканската национална конвенција, каде ќе ја започне својата кампања за освојување на втор мандат во Белата куќа. Во трумфалната објава, Трамп тврди дека ова е пресврт.

„На ова долго ќе се радувам. Задоволство ми е што во суштина историски ја најавувам нашата битка против кинескиот вирус која ќе спаси безброј животи“, изјави синоќа претседателот.

Претседателот Трамп ја опиша постапката како моќна терапија и апелираше до Американците да донираат плазма кога ќе се опорават од Ковид-19.

ФДА за лечењето даде „одобрување за итна употреба“, а не целосна согласност, со објаснување дека раните истражувања сугерираат оти крвната плазма може да ја намали смртноста и да го подобри здравјето на пациентите ако се применува во првите три дена од нивната хоспитализација.

Меѓутоа, потребни се повеќе испитувања за да се докаже нејзиното делување, а размерите на нејзиното делување сè уште се предмет на научни полемики и некои предупредуваат на можност од непожелни нуспојави.

Агенцијата соопшти дека заклучила оти постапката е безбедна по опсежниот преглед на податоци собрани во текот на последните месеци. Во соопштението се додава оти ползата од лечењето го надминала секој ризик.

Доналд Трамп Ковид-19 лекување Одобрение Плазма САД ФДА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.