Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, регистрирани се 1172 нови случаи на Ковид-19, а направени биле 4.021 тестови.

Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 629, Битола – 109, Куманово – 64, Охрид – 53, Штип – 36, Тетово – 35, Кавадарци – 30, Велес и Кичево – по 27, Прилеп – 25, Струмица – 24, Гостивар – 23, Ресен – 20, Гевгелија – 19, Струга – 11, Неготино – 9, Свети Николе – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Кочани – 3, Радовиш и Виница – по 2, Берово, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.172), регистрирани се 145 реинфекции.

Регистрирани сe 553 оздравени пациенти од: Битола – 144, Прилеп – 65, Скопје – 53, Куманово – 40, Кавадарци – 24, Штип – 22, Велес – 20, Гевгелија и Кочани – по 19, Радовиш – 18, Тетово – 14, Кичево и Неготино – по 13, Крива Паланка и Богданци – по 10, Гостивар и Свети Николе – по 9, Делчево – 8, Демир Хисар – 7, Ресен и Валандово – по 5, Крушево, Македонски Брод и Пхечево – по 4, Струмица, Берово, Кратово и Пробиштип – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65г, 69г, 70г, 78г, 83г и 84г), 3 од Битола (32г, 72г и 79г) и по едно починато лице од Велес (30г), Охрид (63г) и Прилеп (62г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице од Струмица (59г) починат на 15.01.2022, во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, пет лица биле целосно вакцинирани.

Досега во земјата се направени вкупно 1.727.856 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 250.876, бројот на оздравени пациенти е 223.606, на починати е 8.166, а бројот на активни случаи изнесува 19.104.