Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид биланс: Нови 37 заразени лица, излекувани 11

0
By Нова ТВ on May 24, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 24, 2020 13:13

Нови 37 заразени лица и 11 излекувани се регистрирани во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за изминатото деноноќие, соопштуваат од Министерството за здравство (МЗ).

Во последните 24 часа, според МЗ, се направени 508 тестирања при што се забележани 37 позитивни материјали кај 12 лица во Скопје, осум во Куманово, седум во Тетово, четири во Струга и по двајца во Охрид, во Штип и во Прилеп. Покрај тоа се евидентирани и 11 излекувани лица од кои седум во Прилеп и по двајца во Скопје и во Велес. Според МЗ, во изминатото деноноќие не е регистриран смртен случај како последица на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-19 дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата, како што се посочува во дневниот извештај, изнесува 1.978, бројката на оздравени пациенти е 1.422, на починати е 113, а бројот на активни случаи во земјата во моментот е 443. Последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 713, активни 199
Куманово – 433, активни 34
Дебар – 51
Штип – 40, активни 5
Прилеп – 210, активни 48
Тетово – 172, активни 77
Струга – 75, активни 8
Велес – 127, активни 43
Битола – 28, активни 7
Охрид – 23, активни 8
Кавадарци – 5
Гостивар – 21, активни 4
Гевгелија – 4
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка – 6, активни 1
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево  2
Неготино – 10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод – 2
Пехчево – 3, активни 1
Делчево – 1
Валандово – 1
Виница – 3, активни 1
Кратово – 2, активни 1
Берово – 1, активни 1
Свети Николе – 1, активни 1

Направени се 508 теста и тоа преку ИЈЗ – 266, преку Ветеринарен факултет – 21, преку „Авицена“ – 24, преку „Биотек“ – 44, преку Клиниката „Жан Митрев“ – 5, преку „Систина“ со PCR метода – 31 и преку МАНУ – 117. Досега во земјата се направени вкупно 25.270 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие, 188 се дел на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, во Кочани, во Куманово и во Скопје во градинки и во геронтолошки установи. Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во Геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2.248 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа се примени четворица нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 58 пациенти. На кислородна поддршка се 24, на механичка вентилација се двајца пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ се примени пет нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 18 пациенти. На респиратор се пет пациенти, a со потешка клиничка слика се уште четворица пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани тројца пациенти, еден пациент во тешка состојба е пратен на Инфективната клиника во Скопје, додека на домашно лекување се следат уште четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, во Велес, во Куманово, во Прилеп и во Охрид се хоспитализирани 42 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.