Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид биланс: Шест починати лица, 182 новозаболени и 33 излекувани

0
By Нова ТВ on June 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 18, 2020 15:12

Шест смртни случаи, 182 новоинфицирани лица и 33 излекувани е ковид билансот во земјата за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во последните 24 часа се направени 1.348 тестирања, при што позитивни резултати има за 107 лица во Скопје, 23 во Тетово, 14 во Куманово, 13 во Ресен, шест во Охрид, пет во Струга, по четири во Штип и во Гостивар, две во Битола и по едно во Струмица, во Кочани, во Берово и во Неготино.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 33 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 22, во Дебар – 1, во Штип – 1, во Прилеп – 1, во Тетово – 1, во Велес – 2, во Битола – 1, во Кочани – 2, во Свети Николе – 1 и во Кичево – 1. Починати се шест пациенти – по двајца од Скопје, од Куманово и од Тетово.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица. Двајца од нив од Тетово – пациент на возраст од 81 година, хоспитализиран на 16 јуни, и пациент на 72 години, хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во Општата болница во Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.664, бројката на оздравени пациенти е 1.836, на починати е 216, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 2.612. Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје – 2.243, активни 1.507
Куманово – 668, активни 219
Дебар – 62, активни 10
Штип – 254, активни 205
Прилеп – 229, активни 16
Тетово – 481, активни 297
Струга – 147, активни 68
Велес – 156, активни 29
Битола – 37, активни 9
Охрид – 90, активни 71
Кавадарци – 8, активни 3
Гостивар – 78, активни 52
Гевгелија – 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица – 10, активни 7
Крива Паланка – 10, активни 4
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 5, активни 2
Кочани – 56, активни 23
Пробиштип – 11, активни 9
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 3, активни 1
Пехчево – 5, активни 2
Берово – 3, активни 2
Валандово – 5, активни 3
Виница – 3, активни 0

Делчево – 1, активни 0
Кратово – 4, активни
Свети Николе – 11, активни 9
Кичево – 5, активни 2
Ресен – 47, активни 46
Неготино – 19, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.348 теста се преку ИЈЗ – 570, преку ЦЈЗ Скопје – 32, преку „Авицена“ – 98, преку „Биотек“ – 150, преку „Систина“ со PCR метода – 189, преку МАНУ – 157 и преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 152. Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени седум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 20 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 121 пациент. На респираторна машина се седум лица, a со потешка клиничка слика се уште 35 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 336
Аеродром – 125
Бутел – 118
Гази Баба – 128
Центар – 121
Карпош – 103
Сарај – 105
Кисела Вода – 80
Ѓорче Петров – 62
Студеничани – 71
Шуто Оризари – 51
Арачиново – 38
Илинден – 24
Петровец – 12
Чучер Сандево – 8
Сопиште – 12
Зелениково – 1
Странец – 3
Нераспределен – 4

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.