Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид биланс: Уште 16 заболени, 14 излекувани и тројца починати

0
By Нова ТВ on May 26, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 26, 2020 14:32

Нови 16 заболени лица, 14 излекувани и тројца починати е билансот за ковид-19 во земјава за последните 24 часа, истакнуваат од Министерството за здравство (МЗ).

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 14 оздравени пациенти во Скопје – 3 и во Тетово – 11 и 16 нови случаи на коронавирус и тоа во Скопје – 9, во Штип – 5, во Струга – 1 и во Гостивар – 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што соопштуваат од МЗ, почина пациентка од Велес на 78 годишна возраст, која била хоспитализирана на 14 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 84 години, кој бил примен на 20 мај и 76 годишна пациентка од Скопје примена на 19 мај.

Во последните 24 часа се направени 314 тестирања со што вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.014, бројката на оздравени пациенти е 1.453, на починати е 116, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 445. Последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 733, активни 208
Куманово – 436, активни 35
Дебар – 51, активни 0
Штип – 46, активни 11
Прилеп – 210, активни 46
Тетово – 177, активни 70
Струга – 76, активни 9
Велес – 127, активни 40
Битола – 28, активни 7
Охрид – 23, активни 8
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 22, активни 4
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка – 6, активни 0
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 0
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 0
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 0
Виница – 3, активни 1
Кратово – 2, активни 1
Берово – 1, активни 0
Свети Николе – 1, активни 1

Направените 314 теста се преку ИЈЗ – 292, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 9, преку „Систина“ со PCR метода – 13 и преку МАНУ – 0. Досега во земјата се направени вкупно 25.841 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 169 се дели од скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, во Кочани, во Куманово и во Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа се примени тројца нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација се три лица.

Во ГОБ „8 септември“ примени се пет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 22 пациента. На респиратор се седум, a со потешка клиничка слика се уште пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти, на домашно лекување се следи еден пациент. На инфективните одделенија во Велес, во Куманово, во Прилеп и во Охрид се хоспитализирани вкупно 41 пациент, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.