Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас: На маса опцијата за старт на преговори до летото 2019

0
By Нова ТВ on June 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 26, 2018 14:59

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиjас, порача дека дискусиите во ЕУ се водат помеѓу земјите кои сакаат старт на преговори со Македонија до летото 2019 и оние кои сакаат тоа да биде уште подоцна.

– Денеска дискутиравме за проширувањето на Европската унија, каде постоеја две различни линии. Од една страна се мнозинството од 25 земји кои сакаат и прифаќаат да почнат преговорите до летото 2019 за Северна Македонија -ПЈРМ и Албанија и од друга страна Данска, Франција и Холандија кои сакаат да го одложат тоа. На многу јасен начин објаснив дека геополитичката и геостратешката политика во регионот, бара помош кон овие земји, а не одложување. Објаснив дека внатрешната ситуација во овие две земји, бара стабилност и безбедност, а не создавање нови проблеми. На крај, се наоѓаме во еден компромис што ќе предвидува дека ќе може да започне отворањето поглавја до летото 2019, односно нешто што е многу важно за нас, со актуелната комисија која многу добро ја знае и ситуацијата и проблемите, изјави Коѕиjас во Луксембург.

Преговорите за Македонија и Албанија се заглавени, откако земјите членки не успеаја да постигнат компромис утрово, одлучија да преминат на други преговори поврзани за претстојниот Самит, но со можност да се навратат на темата подоцна денеска.

Холандија и Франција, како и Данска, упорно блокираат преговори за Македонија и Албанија пред изборите за Европски Парламент кои треба да се одржат на лето 2019, од страв таа одлука да не предизвика подем на екстремната десница во нивните земји.

Нејасно е како ќе се излезе од несогласувањата бидејќи мнозинство земји членки сметаат дека Македонија и Албанија треба да бидат наградени за реформските напори, а особено Македонија за Договорот со Грција.

Не се исклучува ниедна варијанта во овој момент: Условено започнување преговори, одложување на одлуката или сепак почеток на процес на скрининг во наредните недели или месеци, што би им овозможило на Французите да ја „продадат“ таа одлука на својата јавност која не е запознаена со финесите на преговарачките процеси во ЕУ, а поглавјата да почнат да се отвораат подоцна.

Многу е веројатно министрите да не постигнат договор за Македонија и прашањето да се префрли на лидерите на ЕУ во четврток.

ЕУ Коѕијас Луксембург
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.