За да се исполнат целите од Парискиот договор за ограничување на порастот на глобалната температура на 1,5 степени, глобалната транзиција кон чиста енергија треба да напредува четири до шест пати побрзо од сегашното.

Благодарение на пакетот за поддршка од Обединетото Кралство и нашите меѓународни партнери, коалицијата од 190 потписници се согласи постепено да ја укине енергијата произведена од јаглен и да ја прекине поддршката за новите електрани на јаглен, соопштија денеска од Британската Амбасада во Скопје.

Во соопштението се додава:

  • Кампањата на Обединетото Кралство предвидува обврска за големите банки да го прекинат финансирањето на јагленот, покрај обврските на Кина, Јапонија, Кореја и Г20 за прекинување на финансирањето на производство на јаглен во странство до крајот на 2021 година, со што практично ќе се стави крај на целото јавно финансирање на новата несмалена енергија од јаглен.
  • Согласно договореното за време на претседателството на Обединетото Кралство со COP26, земјите ветуваат дека ќе го забрзаат исфрлањето на јагленот и брзо ќе го зголемат обезбедувањето на производството на чиста енергија, означувајќи значаен пресврт во глобалната транзиција кон чиста енергија, соопштија денеска од Британската Амбасада во Скопје.

 

Крајот на јагленот – единствениот најголем придонесувач за климатските промени – е на повидок благодарение на Обединетото Кралство и фактот што обезбеди коалиција од 190 земји и организации потписници на COP26, при што земји како Полска, Виетнам, Египет, Чиле и Мароко јасно ги објавија своите обврски за постепено укинување на енергијата од јаглен.

 

Обврските здружени преку напорите предводени од Обединетото Кралство, вклучително и новата „Изјава за транзиција од глобалниот јаглен до чистата енергија“, опфаќаат развиени земји и земји во развој, големи корисници на јаглен и климатски ранливи земји. Таа вклучува 18 земји кои за прв пат се обврзуваат постепено да ги отфрлат и да не градат или инвестираат во нова енергија од јаглен, вклучувајќи ги Полска, Виетнам и Чиле, што означува пресвртница на COP26 во глобалната транзиција кон чиста енергија.

 

Оваа изјава ги обврзува земјите ширум светот да:

 

  • Стават крај на сите инвестиции во новото производство на енергија од јаглен на домашно и на меѓународно ниво;
  • Го зголемат и обезбедат чисто производство на енергија што е можно поскоро;
  • Ја укинат на енергијата од јаглен во економиите постепено во 2030-тите за големите економии и 2040-тите за остатокот од светот; и,
  • Направат правична транзиција на енергијата од јаглен на начин што ќе им користи на работниците и заедниците.

Ова е, покрај обврската на Кина, Јапонија и Кореја, трите најголеми јавни финансиери на јаглен, кои се обврзаа да го прекинат финансирањето на производство на јаглен во странство до крајот на 2021 година, објавена минатата година за време на претстојното претседателство на Обединетото Кралство со COP26. Договорите на Г7, Г20 и ОЕЦД за ставање крај на јавното меѓународно финансирање на јаглен испраќаат силен сигнал дека светската економија се префрла на обновливи извори. Ова би можело да стави крај на над 40 GW јаглен во 20 земји, што е еквивалентно на повеќе од половина од капацитетот за производство на електрична енергија на Обединетото Кралство.

Амбасадорката на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Рејчел Галовеј, рече:

„Во Северна Македонија, Обединетото Кралство ја поддржа подготовката на Националната стратегија за енергетика која ќе го отвори патот кон почиста, позелена и поодржлива енергија. Сега го поддржуваме првиот план за имплементација на стратегијата (2020 – 2026 година), патоказот на целосната визија на земјата за радикална енергетска транзиција, постепеното укинување на големите застарени лигнитни постројки кои се големи загадувачи и движењето кон алтернативи како што се соларната, ветерната и хидроенергијата .“

За да се исполнат целите од Парискиот договор за ограничување на порастот на глобалната температура на 1,5 степени, глобалната транзиција кон чиста енергија треба да напредува четири до шест пати побрзо од сегашното. Со оглед на тоа што јагленот е единствениот најголем придонесувач за климатските промени, неговото постепено укинување и испораката на брза и инклузивна транзиција кон чиста енергија е од суштинско значење ако сакаме да ги одржиме 1,5 степени во живот.

 

28 нови членки се приклучија на најголемата алијанса во светот за постепено укинување на јагленот, Алијансата за обезбедување на енергија после јагленот [Powering Past Coal Alliance(PPCA)] беше иницирана и со неа копретседаваше Обединетото Кралство. Чиле, Сингапур и Дурбан им се придружија на преку 150 земји, покраини и бизниси, вклучувајќи ги и финансиските партнери НатВест [NatWest], Лојдс Бенкинг [Lloyds Banking], ХСБЦ [HSBC] и Експорт дивелопмент Канада [Export Development Canada]. На ова отпаѓаат средства од над 17 билиони[1] американски долари, кои сега се посветени на целите за постепено отстранување на јагленот во рамките на Алијансата за обезбедување енергија после јагленот.

Во последните 6 години забележано е намалување за 76% во бројот на нови фабрики за јаглен планирани на глобално ниво, што значи откажување на 1000 GW нови фабрики за јаглен од усвојувањето на Парискиот договор, приближно еквивалентно на околу 10 пати повеќе од вкупниот врвен капацитет за производство на Обединетото Кралство.

Глобалниот договор за оддалечување од јагленот кон чистата енергија е овозможен благодарение на голем број други иницијативи свикани од Обединетото Кралство, вклучувајќи:

  • Не за нова енергија на јаглен: На повидок е крајот на новите градби на јаглен. Започнувањето на групата „Не за нова енергија од јаглен“ составена од 6 земји на Дијалогот на високо ниво на ОН во септември, проследена со обврските во изјавата за транзиција на глобалниот јаглен кон чиста енергија. Тоа значи дека до крајот на оваа година, сите нови јавни финансии за ненамалени електрани на јаглен ќе бидат прекинати, а инвестициите сè повеќе ќе се насочат кон забрзување на транзицијата кон извори на чиста енергија како што се ветерот и сончевата енергија кои сега се поевтини од производството на јаглен во повеќето земји. Ова го забрзува растечкиот глобален импулс за ставање крај на новата енергија на јаглен, демонстриран со колапсот од 76% во глобалниот гасовод на предложените електрани на јаглен од Парискиот договор во 2015 година.
  • Поддршка на економиите во развој: Покрај тоа, големите економии во развој најавија планови за забрзување на правичната транзиција од јаглен кон чиста енергија. Тука е вклучено Партнерство за транзиција на Јужноафриканската Република во правична енергија во вредност од 8,5 милијарди долари, како и Индонезија и Филипините кои договорија ново партнерство со Азиската развојна банка за поддршка на предвременото повлекување на постоечките фабрики за јаглен. Дополнителни најави за финансирање се очекуваат на COP26.
  • Поддршка на економии кои интензивно се потпираат на производството на енергија од јаглен: Земјите со значајно производство на електрична енергија и ископ на јаглен се соочуваат со големи социјални и финансиски предизвици кога станува збор за транзицијата од јаглен. Советот за енергетска транзиција (ETC) на Обединетото Кралство на COP26 ја мобилизира и координира помошта потребна за да им се овозможи правична транзиција од јаглен кон чистите енергии на економиите кои интензивно се потпираат на производството на енергија од јаглен, преку соединување на 20 влади и над 15 меѓународни институции чија цел е да ја забрзаат транзицијата од јаглен на чиста енергија како дел од зеленото економско закрепнување. На пример, Управата за брза реакција на Советот за енергетска транзиција обезбедува брза техничка, регулаторна и комерцијална помош за земјите и веќе одговори на 24 барања во низа области, вклучувајќи ја енергетската ефикасност на Филипините и управувањето со мрежата во Египет.
  • Обезбедување правична транзиција: Владата на Обединетото Кралство, започна и со уште една нова меѓународна декларација за правична транзиција, со која гарантира дека оддалечувањето од индустриите со висока содржина на јаглен резултира со одржлива, зелена и фер иднина, и иднина која создава висококвалитетни нови работни места и го поддржува локалниот социјален дијалог во земјите во развој и новите економии. Координирани од владата на Обединетото Кралство, досега 12 земји потпишаа, покрај Обединетото Кралство и Комисијата на ЕУ, покривајќи широк спектар на финансирање од светски донатори, што сега води кон праведна транзиција за заедниците ширум светот.

Обединетото Кралство веќе испорачува многу од најамбициозните обврски за чиста енергија меѓу најголемите светски економии, со тоа што се обврза целосно да ја укине енергијата произведена од јаглен до 2024 година, придвижувајќи го производството на енергија од обновливи извори со декарбонизиран електроенергетски систем до 2035 година и на тој начин покажа дека справувањето со климатските промени не треба да биде на сметка на растечката економија.

 

Помеѓу 1990 и 2019 година, економијата на Обединетото Кралство порасна за 78%, додека емисиите на јаглерод се намалија за 44%, најбрзото намалување на Г7 – енергијата произведена од јаглен сочинува помалку од 2% од производството на електрична енергија во споредба со 40% пред речиси една деценија. Овие достигнувања го следат објавувањето на значајната британска Стратегија за нулта емисија на јаглен [Net Zero Strategy] минатиот месец, во која се наведени мерки за поддршка на бизнисите и потрошувачите во транзицијата кон чиста енергија, а истовремено поддржувајќи стотици илјади добро платени работни места и искористувајќи до 90 милијарди фунти приватни инвестиции од 2030 година.

[1] Коментар на преведувачот: зборот трилиони на македонски се преведува билиони. На англиски редоследот е million, billion, trillion, на македонски е милион, милијарда, трилион. Во случајов станува збор за број USD 17.000.000.000.000.