Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кралицата одби награда за стари – не ги исполнувала критериумите

0
By НОВА ТВ Balaban on October 20, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 20, 2021 09:36

И покрај гласините дека ќе се пензионира по смртта на својот сопруг Филип во април, Елизабета Втора неодамна учествуваше во бројни јавни настани. А, минатата недела таа беше видена како оди со бастун, првпат по 2004 година.

Британската кралица Елизабета Втора ја отфрли наградата што британското списание „Олди“ им ја доделува на постари лица. Таа оценила дека не ги исполнува условите.

Гласилото, кое се опишува себеси како „лесна алтернатива“ на печатот „опседнато со младоста и славата“, откри дека на Бакингемската палата, т.е. на 95-годишната кралица ѝ ја предложило својата награда „Стара личност на годината“ (The Oldie of the Year). Таа е на престолот скоро седум десетлетија. Но, на неговите страници денеска осамна писмото на одбивање на наградата, испратено на 21 август, потпишано од нејзиниот помошник приватен секретар Том Ленг-Бејкер.

„Нејзиното Височество смета дека ги имаме годините што ги чувствуваме и затоа, таа не мисли дека ги исполнува условите за да ја прифати (наградата)“, се истакнува во одговорот.

И покрај гласините дека ќе се пензионира по смртта на својот сопруг Филип во април, Елизабета Втора неодамна учествуваше во бројни јавни настани. А, минатата недела таа беше видена како оди со бастун, првпат по 2004 година.

Филип, кој годинава почина на речиси 100-годишна возраст, е добитник на „Олди“ наградата за 2011 година, за неговиот 90-ти роденден. Нема ништо подобро за моралот од потсетување дека годините минуваат и дека „старата руина почнува да се распаѓа“, напиша војводата од Единбург во писмото на благодарност, познато по својот недипломатски хумор. – „Но, сепак е убаво да ме помнат“, додаде Филип.

Елизабета Втора награда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.