21 од жртвите се швајцарски државјани, седум Французи и шест Италијанци.
Една жртва имаше двојно државјанство, швајцарско-француско, додека друга, 15-годишно девојче, имаше француско, британско и израелско државјанство.
Останатите жртви беа од Романија, Белгија, Португалија и Турција. Близу 120 лица беа повредени во пожарот во Кран-Монтана, а многумина, според локалните здравствени службеници, се здобиле со тешки изгореници и рани.
Меѓу жртвите е и момчето Стивен Ивановски, македонски државјанин.
Пожарот избувна во преполн ноќен бар за време на новогодишната прослава, при што, според досегашните наоди од истрагата, огнот се проширил исклучително брзо. Швајцарските власти претходно соопштија дека како можна причина се разгледува употреба на прскалки поставени на шишиња со шампањ, кои дошле премногу блиску до запаливиот тавански материјал.




