Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кремељ ја интензивира акцијата за рушење на проевропската влада во Молдавија

0
By Ана Василевска on March 16, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јаху њус објави внатрешен стратешки документ од претседателската администрација на Путин, кој ги открива плановите на Москва за Молдавија.

Пишува: Борјан Јовановски

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли денеска го посети главниот град на Молдавија каде што вети 10 милиони фунти  финансиска помош за оваа земја поради, како што соопшти неговиот кабинет „да и помогне на Молдовија  да се справи со  „малигното мешање“ од Русија“.

„Вие не сте сами, ние, заедно со меѓународните партнери ќе и помогнеме на Република Молдавија да се соочи со оваа без преседан, брутална војна на вашиот праг“, рече Клеверли на прес-конференција. „Со исклучок на Украина, ниту една друга земја не го почувствувала влијанието на суровата војна на Путин како Молдавија“, изјави шефот на британската дипломатија.

Џејмс Клеверли
Џејмс Клеверли

Посетата на британскиот функционер го означува почетокот на регионалното патување кое ќе ја вклучи и Грузија, а доаѓа во турбулентно време за двете поранешни советски републики кои имаат аспирации за пристап во ЕУ и не се членки  на НАТО.

Посетата уследи по разоткивањето на планот на Путин за рушење на проевропската власт во Молдавија.

„Руските актери, некои со реални врски со руските разузнавачки служби, се обидуваат да ги организираат и искористат протестите во Молдавија како основа за поттикнување бунт против молдавската влада“, рече Џон Кирби. , портпарол на Советот за национална безбедност на САД.

Оваа изјава на Кирби пак, дојде по неделните антивладини протести  кога полицијата уапси 54 демонстранти поради нарушување на јавниот ред и мир, од кои речиси половина се малолетни. Полицијата, исто така, соопшти дека четири закани за бомби биле примени низ целата земја, една од нив на меѓународниот аеродром. Граничната полиција на Молдавија, пак, соопшти дека спречила осомничен платеник од групата на Вагнер да влезе во земјата.

Јаху њус објави внатрешен стратешки документ од претседателската администрација на Путин, кој ги открива плановите на Москва за Молдавија.

Што стои во интерен документ на администрацијата на Путин?

Документот е дел од истражувањето на конзорциум од  голем број европски медиумски организации: „Делфи Естонија“, шведскиот весник „Експресен“, „Досие центар“ со седиште во Лондон, „Киев Индипендент“, „Рајс Молдавија“, „Фронтстори“, „ВСкваре“, „Зидојче цајтунг“, „Вестдојчер Рундфунк“ (WDR) и „Норддојчер Рундфунк“.

Стратегијата за Молдавија била изготвена есента 2021 година, со помош на рускиот Генералштаб на вооружените сили и главните московски разузнавачки служби: ФСБ, СВР и ГРУ.

Стратегијата на Русија за Молдавија е насочена кон „спротивставување на обидите на надворешните актери (првенствено Соединетите Американски Држави, земјите од Европската унија, Турција и Украина) да се мешаат во внатрешните работи на Молдавија со цел да се зајакне влијанието на НАТО и да се ослабне позицијата на Руската Федерација“.

Тој предвидува пристапување на Молдавија во Евроазиската економска унија предводена од Русија и Договорот за колективна безбедност, руската верзија на НАТО. Планот има за цел да ги неутрализира сите потези на молдавската влада за протерување на руското воено присуство во Приднестровје, отцепен автономен регион поддржан од Москва, кој е меѓународно признат како дел од Молдавија.

Според Дејвид Крамер, поранешен функционер на Стејт департментот: „Иако едвај ја признава Молдавија како посебна држава, документот ја третира Молдавија како податлив сателит над кој може да врши контрола и влијание со цел да го блокира западното влијание“. Ова е типично за односот на Кремљ кон сите негови соседи и ја нагласува целта за одржување на добро контролирана сфера на влијание“, вели Крамер.

Според западните разузнавачи, целта на Кремљ е да ја врати Молдавија во сферата на влијание на Русија. Арсеналот на Путин во овој поглед не се тенкови и борбени авиони, како во Украина, туку оружје за политичко војување: инфилтрирање во земјата со руски разузнавачки оперативци и охрабрување на антидемократски активности користејќи платени или идеолошки лојални агенти на влијание.

Од руската инвазија на Украина во февруари минатата година, Кремљ ја користи заканата за прекин на снабдувањето со енергија за да ја одврати западната воена и дипломатска поддршка за Киев. Оваа закана сега се префрли на улиците на кои се организраат протести под лидерство на проруски ориетнирани полтичари и бизнисмени.

Се бара владата да ги субвенционира високите цени на комуналните услуги. „Сакаме да ја обврземе нашата влада да ги плати сметките за парно, струја и гас за три зимски месеци, декември, јануари и февруари, за сите наши граѓани“, вели Марина Таубер, потпретседател на опозициската партија ПСО и главен организатор на неделниот протест.

„Очигледно Русија ги кофинансира овие протести и обиди за дестабилизација на земјата. Тие сакаат да регрутираат моќници за да ја нападнат полицијата, да напаѓаат владини згради и компании и да предизвикаат провокации што би доведоа до дестабилизација“, изјави молдовската аналитичарка Алина Речеан .

 

Владимир Путин Молдавија Русија Џејмс Клеверли
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.