Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен суд: Ослободителни пресуди за петмина обвинети во „Шпион“

0
By Нова ТВ on January 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 21, 2020 16:39

Кривичниот суд во Скопје денеска изрече ослободителна пресуда на петмина обвинети во повторената постапка за случајот „Шпион“. Судот ги ослободи од обвинение Миќо Насковски за делата „измама“ и „уцена“, Марјан Маџовски за „уцена“, Горан Стојков и Цветан Дамјановски „за недозволено чување и поседување оружје“ и Ѓорги Хаџимицев за делото „послужување во службата“.

Судијата Владимир Туфегџиќ, образложувајќи ја пресудата, рече дека судот особено ги ценел изјавите од оштетените дека не се чувствуваат оштетени и не поднеле оштетно побарување од обвинетите за „уцена“ и „измама“, додека за делото „недозволено чување и поседување оружје“ образложи дека во изнесените докази имало недоследности за околностите на задолжување и раздолжување на оружје на припадниците на МВР. Застапници на обвинението се поранешните јавни обвинители од СЈО, Стефчо Донев и Елизабета Јосифовска.

Судскиот процес пред овој судечки совет е започнат во јануари во 2018 година. Закажани биле 19 главни претреси, а одржани 11. Судијата Туфегџиќ нагласи дека поради не појавување на неколку рочишта и не доставување на медицинска документација, постапката е раздвоена против обвинетиот Марјан Ефремов. Според обвинителството, екс разузнавачот Марјан Ефремов бил организатор на групата која шпионирала за странски разузнавачки служби, а истовремено се занимавала со уценување, измами и изнуди.

Претходно денеска, се одржа рочиште на раздвоената постапка против обвинетиот Зоран Божиновски, на која обинителството и одбраната изнесоа завршни зборови. Пресудата е закажана за 11 февруари.

Одбраната, во завршен збор, рече дека очекува ослободителна пресуда за овој „обвинителен акт започнат во далечната 2009 година врз основа на претпоставки и паушални наводи и хипотези“, кој се водел со многу прекршувања во постапката и без да се даде ниту еден материјален доказ, за што обвинетиот без пресуда минал 777 дена во притвор во соседна Србија, врз основа на отворена меѓународна потерница за делото.

Обвинетиот Божиновски, во завршен збор, рече дека не бил соочен со ниту еден доказ и дека целиот предмет бил спакуван од СЈО без да се дозволи увид во доказите.

„На ниту едно од повеќе од 80 рочишта не добив увид во ниту еден материјален доказ против мене и обвинителството цело време се повикува на таму некаде изведени докази и дадени изјави. Не видовме ниту еден мој спорен навод за напишан текст. Повикаа сведоци за кои велеа дека се уценувани од мене, а не покжаа дека се оштетени. Барам ослободителна пресуда“, изјави Божиновски.

Обвинителството, во завршен збор, рече дека биле изнесени докази со кои се потврдил обвинителниот акт и поврзаноста на Божиновски и Ефремов во делото „шпионажа“, додека делото делото „уцена“ останува во обид и не е потребно да настане штета, бидејќи не успеале да го добијат парите од Минчо Јорданов и Драган Даравелски.

пресуди Случај Шпион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.