Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен ги врати барањата на СЈО за осомничените во Трезор

0
By Нова ТВ on September 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кривичниот суд во Скопје му ги врати на СЈО барањата за определување мерки за претпазливост за четворицата осомничени во случајот „Трезор“, зошто доказите биле кодирани.

Доказите во судот биле доставени во електронска форма на УСБ, кое судиите на претходна постапка, не можеа да го отворат, бидејќи меморискиот стик е кодиран, соопштија од Кривичниот суд.

img_20160929_120709

Службено лице кое во судот ги заведувало предметите го известило СЈО дека не може да се пристапи до наведеното УСБ бидејќи истото е кодирано, на што добиле усмен одговор од обвинителството дека доказите ќе може да се разгледуваат само и исклучиво во нивно присуство и дека само тие ќе имаат право да пристапат до нив.

„Нејасно е како судиите на претходна постапка треба да постапуваат по предлозите и да ги разгледаат доказите пред да постапат по нив, како би ги повикале странките, меѓу кои и овластениот обвинител, ако претходно не го разгледаат писмено образложениот предлог и основите што ги навел поднесувачот на предлогот, односно  доказите, кое нешто е јасно предвидено во Законот за кривична постапка“, пишува во соопштението од судот.

Согласно ЗКП, објаснуваат од судот на Владимир Панчевски, во секој предлог на странките истите се должни, заедно со предлогот, да достават и правно релевантни докази, во соодветна писмена форма,  врз основа на кои судот би можел да постапува и одлучува.

„Ова е преседан во досегашното постапување пред овој суд“, нагласуваат во соопштението.

На крајот соопштението завршува со прашање:

„Дали на ваков начин обвинителството се обидува да ги заштити лицата против кои го поднел предлогот, а вината за непостапувањето и одолговлекувањето на постапката, се обидува да ја префрли на судот, е нешто што треба да го одговори обвинителството“.

 

Кривичен суд СЈО Трезор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.