Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Ново Село

0
By Нова ТВ on November 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Ново Село осомничен за две кривични дела „послужување во службата“ и „посебни случаи на фалсификување исправи“.

– Пријавениот на 18 октомври 2017 неовластено се послужил со моторно возило сопственост на општина Ново Село, кое како претходен градоначалник му било доверено на користење за службени потреби. Иако знаел дека му прекинал мандатот како градоначалник на општина Ново Село, истиот ден кога му е врачено уверението на новиот градоначалник, Блажо Велков одбил да изврши примопредавање на моторното возило, притоа изготвувајќи си налог за патување со службено возило и заедно со неговата сопруга на 19 октомври 2017 заминал во Скопје за свои приватни потреби, рече на прес-конфренеција Хризантема Рендевска од СВР Струмица.

По претходна пријава полициските екипи на 19 октомври пред влезот во Струмица кај бензинската пумпа на „Лукоил“ го сопреле возилото  кое било управувано од пријавениот, а совозач била  неговата сопруга.

– Сопругата со нејзиниот телефон неовластено снимала и покрај укажувањата од страна на полициските службеници дејствието веднаш да го прекине. При извршена контрола било констатирано дека пријавениот го управувал возилото, сопственост на Општина Ново село, и за тоа самиот си изготвил Налог за користење патничко моторно возило за деловни потреби, без број од 18 октомври 2017 година во кој било наведено дека на 18 октомври 2017 година патува на релација од Ново Село до Скопје за службени потреби, додаде Рендевска.

Од страна на полицијата по наредба на ОЈО- Струмица со потврда за привремено одземени предмети, одземени се и фотографирани возилото-сопственост на општина Ново Село и мобилниот телефон на совозачо

Блажо Велков градоначалник кривична пријава СВР Струмица Ново Село
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.