Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривична за градоначалникот на Зрновци за злоупотреба на положбата

0
By Нова ТВ on September 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 14, 2018 13:17

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Зрновци Блаже Станков и двајца негови соработници за злоупотреба на службената положба.

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани, до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(52) поранешен директор на КЈП „Водна Кула“ Зрновци, Б.С.(59), градоначалник на општина Зрновци и Г.К.(39) директор на КПЈ „Водна Кула“ Зрновци, тројцата од Зрновци, соопшти МВР.

Првопријавениот В.Ѓ. е осомничен дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено по член 353 став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија, второпријавениот Б.С. осомничен дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“, предвидено по член 353-в став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија и третопријавениот Г.К. за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено по член 353 став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Првопријавениот, во својство на службено лице –  тогашен директор на КЈП „Водна Кула“ Зрновци, се појаснува во соопштението, искористувајќи ја својата службена положба, во март 2015 година ги пречекорил границите на своето службено овластување на тој начин што извршил промена (покачување) на цените за вода од 20ден/м3 на 25 ден/м3  и канализација од 4 ден/м3 на 6 ден/м3 на корисниците на услуги во  општина Зрновци,  без  притоа да биде донесена Одлука од Управен одбор на КЈП „Водна Кула“ и без Одлука на Советот на општина Зрновци за давање согласност на нови цени на водата утврдени од Управниот Одбор,  спротивно на  одредбите од Закон за локална самоуправа, Законот за јавните претпријатија и Статутот на КЈП „Водна Кула“ Зрновци,  при што во периодот од 01.03.2015 до 01.06.2018 година издавале фактури со покачени цени за вода и канализација, со што прибавиле значителна имотна корист за КЈП „Водна Кула“ Зрновци за вкупен паричен износ од околу 2.343.312 денари, на штета на граѓаните на Општина Зрновци. Искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во наведениот период првопријавениот  постојано го менувал бројот на корисници на услуги (бришел и додавал корисници), со што бројката на корисници постојано варилала до околу 170 корисници.

Второпријавениот, во својство на градоначалник на општина Зрновци, се подвлекува во соопштението од МВР, несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности и овозможил да се прибави значителна имотна корист за КЈП „Водна Кула“ Зрновци, на штета на граѓаните на Општина Зрновци, на тој начин што не утврдил дали согласно закон е извршено покачувањето на цените за вода и канализација во месец март 2015 година која надлежност му произлегува од  Законот за локална самоуправа, односно истиот не ја исконтролирал законитоста на прописите на Советот на општина Зрновци, со што овозможил на првопријавениот да го реализира противправното покачување на цените за вода и канализација  и да се зголемат приходите на КЈП „Водна Кула“ Зрновци  за паричен износ од околу 2.343.312 денари во период од 39  месеци.

Третопријавениот,  во својство на службено лице – директор на КЈП „Водна Кула“ Зрновци искористувајќи ја својата службена положба во месец Јуни 2018 година  ги пречекорил границите на своето службено овластување на тој начин што извршил промена (намалување) на цените за вода и канализација  на корисниците на услуги во општина Зрновци, односно ја вратил претходната цена на услугите,  без  притоа  да постапи во согласност со законските прописи, и започнал со издавање на нови фактури за наплата со намалени цени за вода и канализација.

градоначалник Зрновци кривична
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.