Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичниот суд донесе одлука да се замрзнат трите луксузни стана на Груевски во „Панорама“

0
By Соња Крамарска on April 4, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 4, 2022 15:58

Трите ексклузивни стана од вкупна површина од околу 750 квадратни метри во објектот „Панорама резиденс“, за кои во предметот „Плацеви на Водно“ бизнисменот Јордан Камчев рече дека се чуваат за експремиерот Никола Груевски, од денеска се замрзнати.

Обвинителката Лиле Стефанова, на денешното судско рочиште, го достави предлогот тие да се замрзнат, а судот одлучи да прифати. Овие станови се во сопственост на фирмата „СС инвестмент“, чиј сопственик е Мето Стојчевски, сопруг на сестрата на Орце Камчев, и за нив Камчев во својот исказ кажа дека биле дадени како замена за атрактивните парцели на Водно кои се предмет на обвинение.

Покрај одлуката за замрзнување, на денешното рочиште судот одлучи и да не ги прифат „бомбите“ кои изминативе денови се појавија на јутјуб-каналот „The truth above all“, а во кои се слушаат разговори меѓу Камчев и Груевски. Тие како доказ во судот беа предложени од адвокатот по службена должност на бившиот премиер.

Барајќи да се слушнат како докази, тој рече дека ова се законски набавени снимки и посочи дека разговорот е сниман со приватен мобилен телефон. Наспроти него, пак, обвинителката Лиле Стефанова беше на став дека снимките не се докази, односно дека Груевски без да му каже на соговорникот го снимал, па поради тоа тие се незаконски. Според неа, во тие разговори и нема јавен интерес, освен интересот на бившиот премиер и тој, како што кажа, ги имал уште во февруари и не ги приложил како доказ.

Појавата на аудиоснимките следуваше откако Камчев, кој заедно со Груевски е обвинет во случајот, при давањето исказ пред десет дена рече дека експремиерот, преку неговата сестра Кристина Камчева, им понудил да го купат земјиштето, а тие одлучиле да ја прифатат понудата, меѓу другото, и да не се замерат со Груевски и да не им се одмазди.

 

 

Груевски Заплена станови на Водно
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.