Силни пламени јазли вечерва зафатија голема површина со борова шума над кривопаланечкото село Петралица во општина Ранковце.

Фото: facebook.com

На лице место се излезени екипи на противпожарната заштита, но мештаните преку Фејсбук бараат поголема помош од надлежните институции и воедно апелираат на помош и од тамошното население.