Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Криза во Белата куќа

0
By Нова ТВ on May 28, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 28, 2017 09:40

Доналд Трамп се врати вчера во Вашингтон по една недела патување на Блискиот Исток и Европа. Но, во Вашингтон ќе мора да се соочи со кризата за руското мешање во американските избори која зема се поголем замав.

Овој пат во прашање е неговиот зет и советник за надворешна политика Џаред Кушнер. Според повеќе американски медиуми, Кушнер сакал да воспостави таен канал на комуникација со Кремљ за време на изборната кампања и да го заобиколи вообичаениот начин на комуникација помеѓу САД и Русија.

Според Вашингтон Пост, Кушнер ова му го предложил на рускиот амбасадор во САД Сергеј Кислиак и тоа се случило на 1 и 2 декември. Предложил да се искористат руските дипломатски згради за да се заштитат од секакво прислушување разговорите пред полагањето заклетва. Тие разговори требало да се заштитат од прислушувањата на американската влада. Весникот ги цитира разговорите на Кушнер и Кислиак кои биле прислушувани од разузнавачките служби на САД.

Претседателот на Советот за национална безбедност на САД генералот Х.Р. МакМастер изјави дека воопшто не е загрижен поради овие открија бидејќи, вели тој, САД има неформални канали на комуникација со многу земји за да може да се разговара на “дискретен начин”.

Ова ново откритие е уште еден удар врз Трамп кој пред извесно време мораше да се ослободи од претходниот претседател на Советот за безбедност Мајкл Флин токму поради тајни контакти со Русија. Освен тоа, и екс директорот на кампањата на Трамп Пол Манафорт е исто така под истрага на ФБИ.

Вашингтон е скандализиран поради овие откритија. Џон МалЛафлан, екс директор на ЦИА за време на Џорџ Буш, за една американска телевизија изјави дека “вакво однесување на еден офицер на американското разузнавање ние би го сметале за шпионажа”.

А екс директорот на американската агенција НСА Мајлл Хајден не криеше дека е едноставно вџашен:

“Каков ли степен на непознавање, хаотичност, ароганција, сомнеж и презир треба да имаш за да мислиш дека ваков контакт со рускиот амбасадор е добра идеја?”, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Роберт Мулер

Истрагата на ФБИ за руските врски на Трамп е сега во рацете на Роберт Мулер, обвинител познат како независен и човек кој не подлегнува на притисоци.

Самиот Трамп е осомничен дека вршел притисок врз функционери на ФБИ за да се сопре истрагата за руските врски.

Комисијата за разузнавање на Сенатот исто така има две истраги околу истото прашање. Сенатот побарал од екипата на Трамп да ги даде сите “документи, мејлови и телефонски снимки во врска со Русија од почетокот на изборната кампања во јуни 2015 година”, објави Њујорк Тајмс.

Кушнер е бизнисмен кој стана советник за надворешна политика. Тој има 36 години и е оженет за Иванка, ќерката на Трамп која исто така е советник во Белата куќа. Кушнер ја има сета доверба на Трамп и одврзани раце во работата.

Доналд Трамп истрага НСА Русија ФБИ Џаред Кушнер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 29, 2026

Платформата за борба против корупција со апел до Претседателкарта на Република Северна Македонија  

ВЕСТИ January 29, 2026

Платформата за ГО за БПК поднесе допис до Претседателката на Република Северна Македонија проф. д-р…

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

January 28, 2026

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.