Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Криза во Наполи: Вкупно 2,5 милиони евра казни за случајот „карантин“

0
By Нова ТВ on November 25, 2019 СПОРТ
Фото: 90min.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наполи е во резултатска криза што ги затегна и внатрешните односи во клубот чиј член од летото е македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас. Управата почна да „удира по џеб“ како разврска за случајот „карантин“ што почна по ремито (1:1) против Салцбург во Лигата на шампиони. Незадоволен од исходот со австрискиот претставник на „Сан Паоло“, претседателот Еурелио де Лаурентис реши да организира еднонеделна изолација на фудбалерите од кои добар дел се оглушија на наредбата, а некои се спротивставија и на неговиот син, инаку потпретседател на клубот, поради што ќе следуваат и финансиски казни.

„Газета дело Спорт“ наведува и за какви казни станува збор и нагласи дека најлошо би можел да мине Бразилецот Алан со дури 200.000 евра. Сумата, се наведува, е во спротивност со еден член од колективниот договор на играчите според кој поединец не може да биде казнет со повеќе од 25 отсто од месечната бруто плата. Во случајот со Алан, тоа е 50 отсто од неговата месечна заработувачка.

Бразилецот најсериозно се судрил со Едо де Лаурентис, син на Еуроелио де Лаурентис и потпретседател на клубот, па затоа и ќе биде најтешко казнет. „Кориере дело Спорт“ истакнува дека вкупната сума на казни за фудбалерите ќе достигне 2,5 милиони евра. Поединечните суми, потенцира весникот, ќе варираат од 22.000 евра до 200.000 евра за што, најверојатно, ќе следува одбрана на играчкиот кадар и поднесување жалба по таквата одлука.

Наполи веќе шест меча не знае за победа. Моментно е на седмото место во Серија А со 20 бода, дури 15 помалку од лидерот и шампион Јувентус. Популарните „партенопеи“ викендот ремизираа со Милан (1:1), а задутре ги очекува гостување кај Ливерпул во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Еурелио де Лаурентис Наполи Случај „Карантин“ фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.