Криза во Наполи: Вкупно 2,5 милиони евра казни за случајот „карантин“

Поединечните суми, потенцира весникот, ќе варираат од 22.000 евра до 200.000 евра за што, најверојатно, ќе следува одбрана на играчкиот кадар и поднесување жалба по таквата одлука на клупското раководство. „Случајот „карантин“ дојде како последица на ремито со Салцбург (1:1) во Лигата на шампиони по што претседателот Еурелио де Лаурентис реши да организира еднонеделна изолација на фудбалерите од кои добар дел се оглушија на наредбата, а некои се спротивставија и на неговиот син, инаку потпретседател на клубот, поради што ќе следуваат и финансиски казни

Лига на шампиони: Интер ја реши Борусија Д., Барса на мускули во Прага

„Нероазурите“ го совладаа бундеслигашот со 2:0 на стадионот „Џузепе Меаца“ и се пробија до второто место на табелата во групата Ф во која Каталонците потешко од очекувањата излегоа на крај со Славија (2:1)

ЛШ: Наполи го шокира Ливерпул, Елмас одигра 20. минути

Калчолигашот го совлада актуелниот европски првак со 2:0 во мечот од првото коло во групата Е. Наполитанците поведоа со голот од пенал на Дрис Мертенс во 82. минута, трите бода ги потврди Фернандо Љоренте во втората минута од судиското надополнување. Македонскиот репрезентативец почна како резерва и од Анчелоти ги доби последните 20. минути како замена за Алан

Ги мина лекарските прегледи во Наполи: Елмас се стави на располагање на Анчелоти

Тој, претпладнево, ги мина лекарските прегледи кај наполитанците и се стави на располагање на менаџерот Карло Анчелоти. Успешно завршениот трансфер го потврди и самиот преку социјалните мрежи на кои постира фотографија во опрема на „небесно-сините“ од „Сан Паоло“

Македонски фудбалски бисер под команда на Анчелоти: Елиф Елмас во Наполи за 15 милиони евра

Меѓу наполитанците е најавен за утре (среда), најпрво на лекарски прегледи, а потоа и на потпис на петгодишен договор. Во градот под Везув го гледаат како алтернатива за Фабијано Руиз. Може да одговори на неколку позиции во средниот ред во која најдобар ефект има како централен играч за врска. Членот на „црвено-жолтиот“ национален тим пред две години замина од Работнички во Фенербахче за 180.000 евра, а неговата цена во меѓувреме многукратно се зголеми на фудбалскиот пазар

Трансфер пред полноќ: Рома го продаде Манолас на Наполи за 36 милиони евра

Римјаните беа принудени за продажба на грчкиот дефанзивец до крајот на јуни за регистрација на трансфер во фискалната 2018/19 сезона. На „Сан Паоло“ тој заминува како замена за Раул Албиол кој кариерата ќе ја продолжи во Вилјареал, а во спротивен правец се сели играчот за врска, Амаду Диавара кој моментно е со селекцијата на Гвинеја ја Африканскиот Куп на нации

Не помогна ниту Пјонтек: Милан и Наполи без голови на „Сан Сиро“

Во центар на вниманние во дербито беа голманите Џанлуиџи Донарума и Давид Оспина кои не дозволија да бидат совладани. Криштоф Пјонтек дебитира за „росонерите“ во последните дваесетина минути од средбата

Англија ликува на сметка на Италија: Ливерпул и Тотенхем ги исфрлија Интер и Наполи од ЛШ

„Црвените“ на „Енфилд“ ги совладаа наполитанците со 1:0 во директниот дуел за второ место во групата Ц, двата меча во Б конкуренцијата завршија без победник (1:1) - „спарси“ ремизираа кај Барселона 1:1, „нероаѕурите“ на домашен терен со ПСВ Ајндховен, расплети што одеа во прилог на премиерлигашот од Лондон