Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кризен штаб на Србија: Третата доза нема да обезбеди колективен имунитет

0
By НОВА ТВ on July 13, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, по седницата на Кризниот штаб, чиј член е, изјави дека во Србија има мало зголемување на бројот на заболени, но дека ситуацијата сепак и понатаму е стабилна, јави дописникот на МИА од Белград.

– Кога станува збор за хоспитализирани пациенти последните месеци, над 99 отсто од нив не биле вакцинирани, а меѓу оние кои починале како резултат на инфекцијата нема такви кои биле целосно имунизирани, изјави Кисиќ Тепавчевиќ.

Таа додаде дека најголемиот дел од состанокот бил посветен на тоа како да се влијае на зголемувањето на опфатот со вакцинација и дека тоа не е само индивидуална одговорност, туку и колективна.

– Ние не се штитиме само себеси, туку и оние што ги сакаме, рече Кисиќ Тепавчевиќ.

До денеска, во Србија се вакцинирани 2.772.927 лица, а 2.642.507 лица ги примиле двете дози. Околу 49 отсто од српските граѓани примиле барем една доза вакцина, а Кисиќ Тепавчевиќ посочи дека овој процент не е доволен. Таа изјави дека е особено поразителен фактот дека само 17,42 отсто од населението на возраст од 18 до 30 години е имунизирано.

– Младите мора да разберат дека можат и да се разболат, дека најверојатно нема да имаат потешка форма на болест, но тие го носат овој вирус и можат да го пренесат на други, рече Кисиќ Тепавчевиќ.

Одговарајќи на прашање во врска со третата доза, министерката изјави дека сите што биле вакцинирани двапати, сигурно ќе одат да ја примат третата доза доколку се покаже дека е неопходна, но предупреди дека сега приоритет е вакцинирање на невакцинирани лица за стекнување колективен имунитет. Според неа, истражувањето за третата доза сè уште се прави, како и дека сега тоа го прават производителите и посочи дека е докажано дека имунитетот по вакцинацијата трае подолго отколку што првично се сметаше.

Таа посочи дека не биле забележани голем број заразени лица кои претходно биле вакцинирани и дека оние кои биле заразени и биле вакцинирани немале потешки форми на болеста.

Во врска со информациите дека некои клинички центри бараат ПЦР тестови од вработените кои не биле вакцинирани при враќање од годишен одмор и прашањето дали тоа е пракса во сите болници, таа одговори дека една од мерките што може да се преземе индивидуално, од болницата до болница, во зависност од епидемиолошката состојба, е од вработените по одморот да може да се побара доказ дека не се заразени.

– На седницата на Кризниот штаб беше констатирано дека повеќе од 30 отсто од луѓето не носат заштитни маски и не одржуваат растојание, рече Кисиќ Тепавчевиќ, најавувајќи дека во следниот период ќе бидат засилени контролите за почитување на мерките.

Вакцина имунитет Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.