Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крпач сведочел за случајот „Тврдина“

0
By Нова ТВ on April 28, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 28, 2016 17:02

tvrdina

Починатиот Коста Крпач кој вчера беше пронајден мртов во својот стан сведочел во Специјалното обвинителство за отворениот предмет „Тврдина“, дознава НОВА.

Тој доброволно се пријавил во СЈО, а како што дознава НОВА исказот бил во врска со незаконското уништување на два система за прислушување, со што државниот буџет е оштетен за околу 10 милиони евра.

Денеска и СЈО соопшти дека против Крпач не била водена никаква кривична постапка и тој немал својство на осомничено лице, туку на сведок. Оттаму велат дека соработката со него била беспрекорна.

Од СЈО посочија дека поседуваат докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓал Крпач, но бидејќи се работи за исклучително доверливи информации тие не може да ги споделат во јавноста.

Сè уште се чека на извештаите од обдукцијата и вештачењето на куршумите и трагите во неговиот стан по што ќе се утврдува дали смртта на Крпач настанала со самоубиство или убиство.

Името на Коста Крпач се најде и на списокот на колективна аболиција на претседателот Иванов. Иако НОВА побара објаснување од Кабинетот на Иванов на која основа претседателот помилува лице против кое ниту се води постапка, ниту е осомничено, но се до објавувањето на овој текст оттаму не добивме одговор.

КОЈ Е КОСТА КРПАЧ?

Освен Крпач на листата на Иванов се наоѓаат и Владислав Стајковиќ и Христијан Панев – лица кои се поврзуваат со бомбата број 15, односно со набавката и митото за израелската опрема за прислушување.

Јанева веќе го побара случајот „Израелска опрема“ во којшто осомничен за поткуп е Сашо Мијалков, а вмешан е и Владислав Стајковиќ, но за овој предмет не е обелоденета истрага од Специјалното обвинителство.
НОВАТВ минатата година го истражуваше случајот со изреалската опрема, а дел од лицата и компаниите кои се споменуваа во прислушуваните телефонски разговори беа фокус и да други истражувачки стории на НОВАТВ, како и на проектот за истражување на медиумската сопственост „Медиапедиа“.

Меѓу сопствениците на фирмите на која легнувале пари за зделката со израелската опрема се наоѓа и Коста Крпач. Тој е академски сликар и се води како директор на компанијата „Финзи ДООЕЛ“ која сега е сопственик на веб-порталот „Нетпрес“.

Aко се погледне историјатот на фирмата „Финзи ДООЕЛ“, се гледа дека прв управител на фирмата во 2009 година бил Владислав Стајковиќ. Не се знае со што се занимава оваа компанија бидејќи до веб страницата www.finzi-mk.com пристап има само сопственикот. Како сопственик на „Финзи“ се води компанија од офшор дестинацијата Кипар.

vladislavstajkovikj

 

За овој предмет СЈО се уште нема отворено истрага, па оттаму останува нејасно како Коста Крпач се најде на списокот на аболицирани лица.

МВР: КРПАЧ Е ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО СВОЈАТА СПАЛНА СОБА

Министерството за внатрешни работи тврди дека Коста Крпач бил пронајден починат во неговата спална соба, на станот кој се наоѓа во скопски Капиштец на улицата „Народен Фронт“, со прострелна рана во градниот кош.

Пред да настане смртта, тој испукал три куршуми во возило паркирано пред неговата зграда, кое било во сопственост на фирма за пиротехника „Огнометика“. Комбето било празно, а според МВР од се уште неразјаснети причини Крпач рафално ги испукал куршумите кон возилото.

Вчера, како што регистрираше и екипата на НОВА, полицицијата со часови се обидуваше да пробие во станот на починатиот.

Полициските и медицинските екипи уште вчера не терен посочија дека се работи за самоубиство, но од Обвинитлството велат дека тоа дополнително ќе се утврдува по наодите од обдукцијата и вештачењата на терен.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Вчера во дел од медиумите се појавија шпекулации дека можно е Крпач сам да си пресудил, поради тортурата со која се соочил во Специјалното обвинителство. Од СЈО ги демантираа ваквите дезинформации и велат дека собаботката со него била беспрекорна.

-Соработката со сведокот беше беспрекорна и се работеше за исклучителна личност, така што веста за неговата смрт ги погоди сите вработени во ова Јавно обвинителство. Во оваа прилика, сакаме да изразиме длабоко сочувство до членовите на семејството на сега покојниот Коста Крпач.

Блиски познаници го опишуваат како исклучително повлечена личност.

Коста Крпач почина на 40 годишна возраст, а погребот ќе биде утре во 12 часот на градските гробишта во Бутел.

аболиција Крпач СЈО Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.