Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крвави ви се рацете – оставка од Тошковски за загубените животи

0
By Zoran Ivanov on March 8, 2026 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 8, 2026 16:13

Уште колку животи треба да згаснат за одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка?, порача претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова на денешната прес конференција.

Јавноста е во тага, во шок но и бес. Во последната трагедија во Карпош згаснаа животи на мајка и малолетна ќерка. МВР на Панче Тошковски не ги заштити. 12 пријави имало за две години за семејно, физичко и психичко насилство врз младата Ивана, истакна Шукова.

Таа праша колку жени пријавуваат семејно насилство, а институциите не реагираат навремено и соодветно.

„Сериски насилник во Велес одзеде два животи – на младата Росица и на нејзиниот татко. МВР на Тошковски потфрли. Шест месеци се води предистрага дали 11 полицајци постапиле соодветно“, нагласи Шукова.

Пропусти има и во други трагедии кои ја потресоа јавноста.

Во Кумановско Старо Нагоричане сериски убиец одзеде пет женски животи. Две години биле игнорирани пријавите на жителите. Повторно потфрлање на МВР. Во трагедијата во Кочани згаснаа 64 жртви. Тошковски ги штитеше неговите началници, рече Шукова.

Таа нагласи дека министерот се обидува да ја избегне одговорноста.

Сè прави за да ја тргне одговорноста од себе. Организира собири со празни приказни дека ќе штити 24/7. Ги повикува институциите, а тој води институција. Сè е пропаганда, никаде нема одговорност, посочи Шукова.

Пропагандата нема да ги врати загубените човечки животи, додаде таа.

Во пресрет на 8 Март, Шукова повика на гласна реакција против насилството и институционалните пропусти.

Денот на жената, е денот да се дигне гласот на жените. Форумот на жени на СДСМ организира протестен марш во Богданци со почеток во 12.00 часот. Но, целосно го поддржуваме и граѓанскиот марш во Скопје. Ги повикуваме сите да се приклучат, рече таа.

Од Скопје до Богданци, цела Македонија – сите во еден глас. За сите обесправени, за сите понижени жени, за сите жртви, за сите изневерени од системот, од државата, од власта. Да се крене гласот и да се каже доста е, нагласи Шукова.

„Нема да молчиме. Има да нè има. Рацете ви се крвави. Оставка!“, порача претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова.

 

оставка СДСМ Тошковски Шукова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.