Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КСС бара од пратениците правична распределба на буџетските средства за плати или ќе ги активира синдикалните средства

0
By НОВА ТВ Balaban on November 22, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во случај ова барање да не се прифати, КСС најавува дека ќе ги активира сите расположливи синдикални средства за одбрана и унапредување на своите права, не исклучувајќи ги и најрадикалните како што се масовни протести и генерален штрајк во сите дејности во јавниот сектор.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара од пратениците во текот на расправата за Предлог-буџетот да интервенираат со цел да се овозможи правична распределба на буџетските средства во делот на платите.

Од КСС, од името на  50.000 членови, бараат платите да се усогласуваат согласно Законот за минимална плата со цел да нема ситуација во која двајца вработени со различна сложеност на работата, ќе земаат иста плата.

– Ние, како најголем и најодговорен синдикат во државата во јавниот сектор, го изнесуваме нашиот изграден став дека хаосот што е создаден последниве неколку години во методологијата на исплата на плати, воопшто нема да се амортизира со планираните зголемувања на плати од 5%  до 15% само во одредени дејности и повторно селективно на дел од корисниците на буџетските средства додека постоечките плати не се усогласат во согласност со Законот за минимална плата. Напротив, само проблемот ќе се продлабочи. Овој наш став се темели врз аргументите дека со секое зголемување на минималната плата, се повеќе работни места со различна сложеност на работата, како и различни коефициенти или бодови според Колективен договор или Закон, добиваат иста плата. Некој од вас сигурно ќе се запраша дали е ова возможно или точно?! Да, возможно е, но и точно, факт што лесно може да се провери. Ќе ве упатиме во детските градинки да проверите и да се уверите дека 7 (седум) работни места со различни бодови земаат иста (минимална) плата. Доколку проверите во основното образование, ќе се уверете колку различни работни места земаат иста (минимална) плата.  Во јавната и државна администрација референитите кои се носители на дејност се изедначија со платите на помошно-технички персонал, т.е сите примаат минимална плата – се вели во писмото од КСС.

Од Конфедерацијата нагласуваат:

– Ваквото непринципиелно и незаконско исплаќање на плати некој ја нарекол „урамниловка”. Оваа урамниловка има тенденција на продолжување и продлабочување на лошата практика, особено со сé поотворените најави дека минималната плата повторно ќе се зголеми, со политичка одлука, ни повеќе ни помалку на 18.000 денари. Тоа би значело дека помошно-техничкиот персонал, односно најниското работно место по сложеност на работа, со плата буквално ќе се изедначи со носителот на дејност од кој се бара сложени и одговорни вештини и знаења, посочува КСС во писмото испратено до пратениците, претседателот на Собранието и до членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Во случај ова барање да не се прифати, КСС најавува дека ќе ги активира сите расположливи синдикални средства за одбрана и унапредување на своите права, не исклучувајќи ги и најрадикалните како што се масовни протести и генерален штрајк во сите дејности во јавниот сектор.

КСС пратеници Предлог-Буџет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.