Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кучето на кое деца му ставија петарда во уста е најдено и оперирано

0
By Нова ТВ on December 24, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 24, 2017 10:58

Итно формирање на Полиција за животни или Служба за превенција/евиденција/санкција на насилството бараат Здруженијата за заштита на животни, Анима Мунди, Асоцијација за заштита на животните и активистите кои секојдневно се грижат за бездомните животни во Македонија. Барањата за формирање на Полиција за животни доаѓа откако во петокот деца му фрлиле на бездомно куче петарда во уста.

„Насилството врз животните е индикатор за девијантно и болно општество. Ова е кутре кое е жртва на монструозно изживување, на кое деца му фрлиле петарда во устата. По 2 дена трагање по кучето кое се распаѓало од болка, сега е оперирано и потребна е помош за да се спаси. Македонија има итна потреба од Полиција за животни или Служба за превенција/евиденција /санкција на насилството на кое животните се изложени на секој чекор. Вакви ѕверства се толерираат во Република Македонија“, велат од Анима Мунди.

Од полицијата засега нема никаква реакција, ниту пак пријава за овој настан.

Кутрето кое е жртва на монструозно изживување, на кое деца му фрлиле петарда во устата е оперирано и потребна е помош за да се спаси.

„На наше инсистирање, со цел да му се спаси вилицата кучето е оперирано кај доктор Марин кој има вакви оперативни искуства и од претходно. Износот на операцијата е 7500, а секој ден престој е дополнителни 300 денари . Кој може и сака да донира нека ја контактира Мелиса 078 345 618. Воедно неопходно е негово постоперативно згрижување и ресоцијализација бидејќи е во шок“, пишуваат активистите.

Купувањето и продавањето пиротехнички средства е забрането со закон, а во текот на изминативе години многу деца завршија со повреди и изгореници од петардите кои им пукнале во раце.

деца куче петарда полиција за животни
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.