Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кукан-Флекенштајн: Не размислуваме за план Б-очекуваме позитивен исход

0
By Нова ТВ on September 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европарламентарците Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан денеска во Скопје им порачаа на граѓаните да кажат „да“ на претстојниот референдум, нагласувајќи оти од тоа зависи европската интеграција на земјата. Тие денеска на прес-конференција во Скопје напоменаа дека спорот е препрека за интеграцијата на земјата, бидејќи одлуките во Унијата се носат консезуално.

– Ако не се надмине спорот со Грција тоа значи дека и во иднина ќе го имаме истиот проблем. Знаете дека сите земји-членки треба да се согласат за да се донесе одлука. Имавте спор со Грција, сега постои можност тој да биде конечно решен и ќе бидеме многу задоволни ако тоа се случи. Ќе биде послесно за сите, да се забрзаат работите и затоа барам да кажете „да“, рече Флекенштајн, одговарајќи на новинарско прашање на што доколку референдумот не успее.

Кукан осврнувајќи се на истото прашање рече дека не размислуваат на план Б.

– Не размислуваме за план Б. Размислуваме за план А, дека резултатот од референдумот ќе биде позитивен и ќе го отвори патот на Македонија кон ЕУ, се надоврза Кукан.

Двајцата европарламентарците претстојниот референдум го означија како историски момент, со кој се отвора можноста позитивно да се влијае врз европските и евроатлатнските аспирации на Македонија.

– Граѓаните да учествуваат на референдумот и да го искористат своето право да гласаат поради важноста што ја има овој референдум, рече Кукан и додаде тие имаат целосно право да бидат информирани за тоа какво влијание ќе има нивниот глас.

Кукан нагласи оти уставно право на секој граѓанин е како ќе се изјасни и додаде дека одлуката е на граѓаните на Македонија.

Флекенштајн истакна дека исходот од референдумот ќе ја одреди иднината на земјата, на граѓаните, семејствата, идните генерации.

– Ве замолувам одете и гласајте, не кажувајте дека не ви е грижа. По 27 години имате шанса следната година да почнете преговори со ЕУ, нагласи тој.

Кукан напомена дека освен референдумот за интегрирањето во ЕУ Македонија мора да испорача и видливи резултати, со што на Европската комисија ќе и се овозможи да препорача датум за почеток на преговорите.

– Општите правила важат за сите, за секоја земја-кандидат и вообичаено заклучоците секогаш се темелат на реалните резултати, кои ги испорачува земјата. Во последната одлука на Европскиот совет се вели дека Македонија и Албанија добро напредуваат и доколку продолжи ваквиот развој на настаните сметаме дека во јуни следната година ЕС може да донесе позитивна одлука, нагласи Кукан.

Тој всушнот одговори на новинарско прашање во врска со тоа дали претстојните избори за Европскиот парламент, во мај следната година би влијаеле врз одлуката за почеток на преговорите.

– Сметам дека тоа нема драстично да влијае на идните случувања. Идните заклучоци ќе се темелат на тоа како вие ќе ги исполните вашите домашни задачи, додаде тој.

Флекенштајн се надоврза дека референдумот е важен, но оти реформите се исто така мошне битни.

– Сакаме да го забрзаме процесот и тоа значи оваа Влада треба да испорача реформи, од друга страна потребно е и ние да ја сработиме нашата домашна работа, да ја реформираме ЕУ. И нашите гласачи се плашат дека Унијата нема да може да функционира со уште членки, доколку не се реформира. И ние треба да се подготвите за заедничката иднина, додаде тој.

Европарламентарците изразија задоволство од подготвеноста за учество во процесот Жан Моне од страна на сите парламентарно претставени политички партии. Посочија дека следната рунда на дијалогот е планирана за декември и јануари.

Кукан прес референдум Флекенштајн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.