Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Културата на „Заробената држава“

0
By Нова ТВ on January 27, 2017 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 27, 2017 19:59

Дали е можно една „заробена држава“, како што е оквалификувана нашава, да не ја зароби културата и уметноста?

Пишува: Димитар Башевски

Она што се случи со Годинешната програма за култура не е нешто одделно, нешто што не е дел од системот што го има воспоставено оваа власт, систем на фрлање под нога на многу од она што се градело во изминатите седумдесетина години, но и во голема мера и на она што се гради денес во културата. Не е можно, една „заробена држава“, како што е многу јасно дефинирана во познатиот извештај на Прибе, да не ја зароби и културата. И таканаречената Национална програма за култура на Министерството за култура за 2017 година, ја заробува културата и го заробува творештвото, ставајќи под своја грижа еден број „свои“ писатели и други уметници и дела, редовно поддржувајќи ги, а другите отфрлајќи ги како уметници, културни работници и дела наводно, оти „не се од национален интерес“. А во суштина, ова Министерство, ниту знае да објасни што е национален интерес ниту од резултатите од неговата работа може да се види дека има волја да следи таков интерес. Впрочем, и не треба да нè чуди штом како „национален интерес“ во културата, како некое грандиозно „уметничко“ достигнување, ни го нуди „Скопје 2014“.

И за Министерството за култура, како и за целата оваа поставка на власта, првата и најважна цел е обезбедувањето живи луѓе кои ќе ја поддржат таа власт, ќе гласаат за неа и ќе ѝ обезбедат живот пред веќе реалните можности нејзините носители да се најдат од онаа страна на правдата. Оттука, според она што го знаеме како е реализирана особено оваа Програма за 2017 година, таа служи за „купување“ души, за поткуп, а поткупот, според Лорд Актон, е поефикасен од справите за мачење. Оваа власт ја знае оваа технологија и редовно ја применува во самата практика на животот.

Јас, како писател, целосно се солидаризирам со моите колеги кои го потпишаа и го објавија Прогласот за заштита на достоинството на македонски писател и на македонската книжевност, со кој се бара и поништување на Годишната програма за култура за 2017 година. Јас во тој список не сум потпишан не од друго, туку само од принципиелни причини, само поради еден одамнешен принцип, според кој претпочитам да потпишувам само свои текстови, реакции и сл. Во прогласот се вели „ќе ни биде скршена волјата“ ако не се слушне гласот на овој Проглас. Јас би рекол повеќе од тоа: Ќе прекинеме секаква комуникација со Министерството, секаков одглас на неговите конкурси. Ние сме веќе доволно разочарани и доволно ни е кршена волјата. И не ни се замачкуваат очите кога сосема смислено, на издавач му се прифаќа само една книшка, колку да може да се каже дека не е избришан.

Министерството за култура, со фактот што преферира „свои“, а ги отфрла другите кои не ја споделуваат политиката на партиите на власт, независно за какви вредности да станува збор, се ангажира во опасната поделба во општеството, до таа степен што се деструира македонската култура, се загрозува опстанокот на земјата, па најпосле и нашите животи. Како Министерство токму за култура, човек би рекол дека би требало и би знаело да се дистанцира од примитивните политички пориви на своите партиски собраќа, но тоа не се случува. Се прогласуваат за „џуџиња“ корифеите на македонската култура (веќе имам полемизирано она оваа тема), а се промовираат партиски послушници, се прогласуваат за национални уметници поети-момчиња и им се дава доживотна пензија од 1000 евра, затоа што, пак со поддршка на тоа Министерство, читале песни во Никарагва, Сиера Леоне, Филипини, Сан Томе и Принципе, а можеби и во Англија. Навредливо за македонските писатели, во чии редови има навистина национални уметници со дело зад себе. Ваквите примери се многу на број и не можат да не делуваат фрустрирачки на луѓето и да не го поткреваат гневот во нив.

И годинешнава Програма, за која се реагира со право со многу горчина (самите уметници, а здруженијата молчат), е донесена по една позната технологија: Министерката избира комисии. Имињата на членовите на тие комисии не се објавуваат. Тие служат за покритие. После нивната работа, конечниот избор фактички го прави министерката, односно нејзиниот кабинет, и тоа, како што гледаме, така што се отфрлаат сите кои, според Министерството, се политички неподобни. Нагласувам, единствениот критериум според кој се бришат делата и авторите е политичката (не)подобност. Најпосле, освен еден број автори и дела за кои може да се има почит, во Програмата останува плева. Не мора за ова сега да се огласат комисиите и да изјават дека оваа Програма не е нивна. Тоа ние го знаеме. Решенијата за одбиените проекти се издаваат според принципот копи пејст, со истите аргументи за сите жанрови. Според тоа, не ни останува простор, Министерството да го поврземе со работа врз некоја навистина плодна политика и стратегија за македонската култура, односно во случајов за македонската книжевност и книга. Неговиот ангажман е свртен кон технологијата како да се заштитат „своите“ (златната потпора на власта), а да се избришат „туѓите“.

Во овој момент на македонската политичка сцена се одвива една гладијаторска борба за власт. Ништо повеќе отколку за власт. Тука не се спомнува ни името на самата земја, ни граѓаните, ни тоа дека се тие гладни или сити, ни она дека таа земја е „заробена“, дека сме една веќе во најголем степен провинцијализирана средина, дека мафијата и државата се во цврсто единство. Во таа борба за власт и Министерството за култура си го најде своето место, се бори со сите сили за опстанок на „Скопје 2014“, за тој кич, а ги брише без никаква грижа на совест делата и проектите на голем број македонски автори и преведувачи. Чуму добри книги?  Кога сака книги, државата си издава самата, и тоа во големи количества.

 

Пишува

Димитар Башевски

министерство за култура писатели Скопје 2014
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.