Софија Куновска си поднесе оставка на функцијата престедателка на општинската организација од Скопје, но останува во кампањата како член на СДСМ до конечно уривање на режимот на Груевски. Дознаваме дека Куновска ја осудува постапката да не бидат консултирани за листите како општинска организација од Скопје на СДСМ и смета дека тоа е неморален чин.
Таа ја поднела оставката вечерва со образложение дека сака да ја заштити организацијата која ја претставува и која што очигледно е потценета. Политичкиот ангажман го продолжува во партијата во која, како што соопштила, посветено ќе дава придонес во кампањата за рушење на режимот на Груевски.
На листите ги нема ниту Горан Сугаревски координатор на пратеничката група на СДСМ, Стојко Пауновски, Александар Наумовски, ниту било кој друг член од градската организација на СДСМ.