Лацио е прв финалист во фудбалскиот куп на Италија. Римските „небесно-сини“ загубија во реваншот од градскиот ривал Рома со 3:2, но благодарение на триумфот во првата средба со 2:0 ќе играат за титулата со подобриот од двомечот Наполи – Јувентус.
Возвратниот натпревар меѓу наполитанците и „старата дама“ е вечерва (среда, 20.45 ч.), составот на Масимилијано Алегри носи 3:1 од Торино.
Ел Шарави во 43 минута и на двапати Салах во 66 минута и во 90. погодија за „волчицата“, Милинковиќ-Савиќ во 37 минута и Имобиле во 57. за лацијалите.
Куп на Италија
Полуфинале, реванш меч
Рома – Лацио 3:2 (прв меч 0:2)
Среда, 20.45 ч.
Наполи – Јувентус (1:3)