По цели 16 години, битолскиот тим повторно се закити со трофејот. Пелистер победи во 25-то финале на фудбалскиот Куп на Македонија. Во финалето што пред малку заврши во Струмица, битолчани ја совладааа Шкендија по изведување на пенали со 4 3.
Во регуларниот дел и во продолженијата во мечот немаше голови, а во текот на второто полувреме имаше десетминутен прекин кога тимовите беа повлечени во соблекувалните поради националистички скандирања и навреди од трибините. Сепак, на крајот се мина во најдобар ред.
Денешното финале во националниот Куп беше четврто за Шкендија. Премиерното го одиграа во сезоната 2005/06 во кое загубија од Македонија Ѓ.П. со 3:2, во сезоната 2012/13 беа поразени и од Тетекс на пенали со 6:5 пред, конечно, лани да успеат да го урнат малерот и да го совладаат Работнички со 2:0.